ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Нема да побарам разрешување на министерот Спасовски

October 26, 2023 14:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Нема да побарам разрешување на министерот Спасовски поради перформансите на МВР и врвното професионално ниво на Министерството и на министерот, рече премиерот Димитар Ковачевски на собраниска седница за пратенички прашања одговарајќи  му на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки – дали ќе го разреши министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како што рече, доказ за перформансите и професионалната работа на МВР се справувањето со криминалот, спречување илегална миграција, инвестиции во објекти и опрема во МВР, опремување на припадниците на Министерството, обуките, зголемување на примањата на припадниците на Министерството за внатрешни работи.

-Тие се на највисоко ниво. Сите бројки кои се јавно достапни во однос на идентификување криминални дејанија во државата од сите видови, коишто се на многу повисоко ниво од тоа што беа во претходните години, како и во однос со справувањето со различни видови  криминал, што исто така се на многу повиско ниво од минатото, се доказ дека се работи  за – и министер, и негов тим, коишто работат на врвно професионално ниво, рече Ковачевски.

По одговорот на неговото прашање, пратеникот Ковачки рече дека премиерот „продолжува да го брани институционализираниот криминал кој е под закрила на Оливер Спасовски и Министерството за внатрешни работи“ и дека престрелките станале секојдневие, посочувајќи на завчерашното пукање во ТЦ „Ист гејст“.   Рече дека во земјава владее „принцип на неказнивост и секој може да шета со оружје“, дека МВР го изгубило капацитетот да се справува со криминалот и полицијата нема авторитет затоа што, како што рече, „криминалците имаат авторитет врз министерот за внатрешни работи и се вработува кадар со криминално минато“.

-Скоро 20 убиства, само на територија на Скопје, не се расветлени од МВР во мандатот на Спасовски кој на 11 ноември ќе полни цели осум години како министер за внатрешни работи. Повторно, по којзнае кој пат, полицијата не дејствувала превентивно и воопшто не реагирала на објавите односно на најавеното убиство на социјалните медиуми. Исто како и на пријавите на жената од Кочани која цело време пријавувала дека имала закани за убиство и на крајот беше заклана пред својот дом. МВР не реагирало ни тогаш, ни сега, рече Ковачки.

Tags: КовачевскиРазрешувањеСпасовски
Next Post

Сунак: Вештачката интелигенција може да биде вон контрола на човекот

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk