ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Со европска поддршка ќе се јакнат капацитетите на Судскиот совет

October 27, 2023 14:31
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Членовите од Судскиот совет денес остварија работна средба со експертскиот тим од Проектот-Поддршка на ЕУ за владеење на правото, кој во наредните три години ќе работи на зголемување на капацитетите на оваа инситуција.

На средбата, како што информираат од Судскиот совет, покрај претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев и членовите: Тања Чaчарова Илиевска, Селим Адеми, Весна Дамева, Миљазим Мустафа и Антоанета Димовска, присуствуваа лидерот на компонентата 1 за подобрување на капацитетите на правосудните институции Греорж Борковски, неговиот асистент Сандра Прилепчанска Поповска, како и Воислав Стојановски, национален експерт за правосудство.

-Лидерот на компонентата 1 , Борковски зад себе има повеќе од 17 години професионално искуство во Полска, како судија во првостепен и во второстепен суд. Од 2018 година работи како EURALIUS V, проект финансиран од ЕУ во Албанија, како лидер на компонентите што го поддржуваа новоформираниот Висок судски совет, Високиот обвинителски совет и други владини канцеларии. Од 2015 до 2018 година ја извршувал и функцијата шеф на канцеларијата на Националниот судски совет во ранг на државен потсекретар, се наведува во соопштението од Судски совет.

Полскиот експерт ги запознал членовите на Судскиот совет со целите на овој тригодишен проект , кој има за цел да ги подобри капацитетите на правосудните институции за спроведување правда на транспарентен и отчетен начин.

Судскиот совет, како што е посочено во соопштението, е домаќин на една од трите канцеларии на оваа важна компонента, кој со експертска помош ќе ги зајакнува неговите капацитети во неколку области. Експерите ќе бидат ангажирани на анализа и поддршка за подобрување на правилата и практиката за оценување на работата на судиите, дисциплинските постапки, зајакнување на транспарентоста и одговорноста на ова тело, комуникацијата со медиумите. Покрај ова, ќе се работи и на анализа и поддршка на спроведувањето на Стратегијата за човечки ресурси на Судскиот совет, како и на исполнувањето на неговата статутарна улога во согласност со европските стандарди.

Членовите на Судскиот совет им изразиле благодарност на гостите на поддршката и искажале подготвеност за конструктивна соработка.

Инаку, проектот е целосно финансиран од Европската Унија, а договорен е од Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија. Проектот ќе трае 36 месеци со можност за продолжување за уште 6 месеци со буџет од 10,25 милиони евра.

Tags: ЕУсудски совет
Next Post

Рејндерс: Бевме изненадени од недостигот на ефективна дебата пред носењето на измените на Кривичниот законик

Shortcut

Најново

Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

ЦИВИЛ – БРИФИНГ ЗА ВОЈНАТА ВО СЕНКА: Ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk