ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Додека ОН бара прекин на огнот, се поизвесна е израелска копнена операција во Појасот Газа

October 28, 2023 12:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Припадници на армијата на Израел

Припадници на армијата на Израел

Израелските безбедносни сили (ИДФ) вчера ги интензивираа воздушните напади и најавија проширување на операциите во Појасот Газа, сигнализирајќи дека наскоро може да почне копнена инвазија.

Израелските копнени сили вечерва ќе ги прошират своите операции во Појасот Газа, изјави синоќа портпаролот на армијата Даниел Хагари. Претходно, советникот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Марк Регев изјави дека „Хамас вечерва ќе го почувствува гневот на Израел“ и оти милитантната група „ќе плати за злосторствата против човештвото“.

По најавата на Израел за копнена операција во Појасот Газа, висок член на политичката канцеларија на Хамас, Езат ал Ришак изјави дека групата е подготвена.

Ако Нетанјаху одлучи вечерва да влезе во Газа, отпорот е подготвен, објави вчера Ришак на Телеграм.

Израелската војска потврди за Ројтерс дека влегла во северниот дел на Појасот Газа во текот на ноќта и ги проширила воените операции со пешадија и оклопен корпус во опколената палестинска енклава додека го засилува својот напад врз милитантната група Хамас. Воениот портпарол Даниел Хагари рече дека израелските сили се уште се „на теренот“, без да наведе детали.

Тој додаде дека тие ги „прошируваат хуманитарните напори“ и ќе дозволат камионите што превезуваат храна, вода и лекови да влезат во јужниот дел на Газа. Израелската војска во текот на ноќта ги нападна командантите на Хамас, вклучувајќи ги и шефовите на морнарицата и на воздухопловните сили.

Израел сè уште прави само „ограничени потези“ наместо големи копнени маневри во Газа, изјави поранешниот шеф на израелските одбранбени сили за палестинските прашања. Тие сè уште го подготвуваат теренот и го проучуваат одговорот на Хамас на конфликтите во северниот и централниот дел на Газа, истакна Мајкл Милштајн.

Тој предвидува дека Израел ќе биде фокусиран на ослободување што е можно повеќе заложници во наредните денови пред да преземе „поширок потег“. Во изјава за Скај Њуз, Милштајн нагласи дека постои „внатрешен и надворешен“ притисок врз израелската влада за евентуална размена на цивилни затвореници во Газа за „одреден број терористи кои се држат во Израел“.

Тој верува дека, иако може да има одложување, „поширок воен чекор“ ќе се случи веднаш откако ќе се постигне договор за заложниците.

И покрај тврдењето на Хамас дека е подготвен да одговори на израелската копнена инвазија, милитаната група претходно го повикува светот „веднаш да дејствува“ и да го запре израелското бомбардирање врз Појасот Газа.

– Ги повикуваме арапските и муслиманските земји и меѓународната заедница да преземат одговорност и веднаш да дејствуваат за да ги запрат злосторствата и серијата масакри врз нашиот народ, се наведува во соопштението на Хамас.

Во Појасот Газа синоќа беше во прекин интернетот, фиксната и мобилната телефонија, а Црвената полумесечина и други хуманитарни организација соопштија дека немаат контакти со нивниот персонал на терен.

Генералниот комесар на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА), Филип Лазарини предупреди на голем број смртни случаи во Појасот Газа поради блокадата на Израел. Тој додаде дека во Појасот Газа недостигаат храна, вода и лекови, а патиштата се преплавени со канализација. Според него, ситуацијата во енклавата претставува „човечка трагедија“ и „пекол на земјата“.

Во меѓувреме, Генералното собрание на Обединети нации синоќа со 120 гласа „за“, „против“ 14 и 45 „воздржани“ усвои резолуција со која се повикува на итно хуманитарно примирје во Појасот Газа. Во резолуцијата, на предлог на Јордан во име на арапските држави, се осудуваат сите акти на насилство против палестинските и израелските цивили, терористичките и неселективни напади и повикува на непречена помош и заштита на цивилите.

Додека Израел е незадоволен, Хамас и Палестинците ја поздравија резолуцијата.

Шефот на израелската дипломатија Ели Коен ја нарече резолуцијата „одвратна“.

Израел планира да го елиминира Хамас, исто како што светот се справи со нацистите и Исламска држава, напиша Коен на платформата Х.

Претходно и израелскиот амбасадор во Обединети нации, Гилад Ердан ја отфрли резолуцијата на ОН, истакнувајќи дека Израел ќе продолжи да се брани.

Ова е црн ден за ОН и за човештвото … Сите сме сведоци дека ОН повеќе не поседуваат ниту една унца легитимност или релевантност, истакна Ердан, додавајќи оти Израел ќе ги употреби „сите средства“ во борбата против Хамас.

За разлика од Израел, Хамас го поздрави усвојувањето на резолуцијата и побара итно да биде спроведена, вклучително и достава на гориво и помош за цивилите во Појасот Газа.

И палестинското Министерството за надворешни работи ја поздрави резолуцијата, потенцирајќи дека израелската инвазија „достигнува нов врв на бруталност“.

Резулуциите на ГС на ОН не се правно обврзувачки, но имаат морална тежина поради универзалноста на членството.

Г. Т.

Tags: Газаизраелкопнена операцијанеизвесностОНрезолуцијаХамасхуманитарна трагедија
Next Post

Малта викендов е домаќин на трет круг мировни преговори за Украина

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk