ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ТРАГЕДИИ

Несреќа во рудник на светскиот гигант за производство на челик: Најмалку 21 рудар загинаa во Казахстан

October 28, 2023 10:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Најмалку 21 рудар загинаа, а по 23 се трага по несреќа во рудник во центарот на Казахстан чиј сопственик е компанијата Арселор Митал (ArcelorMittal), соопшти денеска компанијата, светски гигант за производство и трговија со челик.

Регионалните власти синоќа соопштија дека избувнал пожар во рудникот Костенко, во близина на централниот град Караганда и дека таму се испратени 40 спасувачи. Министерот за вонредни ситуации Сирим Чарифанов изјави дека ќе замине на местото на несреќата, објави Би Би Си.

Компанијата претходно објави дека во рудникот имало 252 рудара.

„Пронајдени се телата на 21 рудар“, соопшти компанијата „Арселор Митал“, наведувајќи дека 23 рудари се уште се под земја, а 208 го напуштиле рудникот Костенко.

Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев наложи да се прекине соработката со „Арселор Митал“ по новата несреќа во рудникот на овој светски гигант за челик.

„Владата доби наредба да ја прекине соработката поврзана за инвестициите со Арселор Митал Темирату“, се вели во изјавата на шефот на државата веднаш по објавувањето на несреќата.

Властите редовно ја обвинуваат казахстанската филијала на „Арселор Митал“, еден од светските лидери во производство и трговија со челик и експлоатација на руди, дека не ги почитува безбедносните и еколошките стандарди.

Ова е најтешката несреќа во рудник во Казахстан од 2006 година кога 41 рудар го загубија животот исто така во рудник на „Арселор Митал“ и втора несреќа во рудник на оваа групација во последните два месеца, по смртта на петмина рудари во истата област кон средината на август.

Претседателот Токаев најави дека ќе формира истражна комисија, соопштија од неговиот кабинет.

„Арселор Митал“ води околу петнаесет фабрики и рудници во оваа екстремно загадена индустриска зона на Казахстан, поранешна советска република богата со природни ресурси.

„Во тек се активности за враќање на контролата врз компанијата во име на Република Казахстан“, објави Владата преку платформата Телеграм и соопшти дека не планира да преговара со други странски инвеститори.

Г. Т. 

Tags: Арселор МиталзагинатиКазахстаннесреќарудникспасување
Next Post

Македонија е силна само во прегратките на САД и ЕУ!

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Ејџизмот и како ставот кон возраста го скратува или продолжува животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што знаеме досега за убиството во Минесота од страна на ICE – што тврди администрацијата на Трамп, а што покажуваат снимките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто прозорците во Холандија речиси никогаш немаат завеси?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лилит низ хороскопските знаци – сенката што зборува различно кај секого

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk