„ВМРО-ДПМНЕ е последна која било што треба да кажува на тема урбанизација во Центар. Она што денес е општината на урбанистички план е последица на нивното дивеење, криминал и алчност, а граѓаните добро паметат кој и како работел за општината. Општина Центар и актуелното раководство се пример за транспарентно работење особено во делот за урбанизмот. Ниту педа државно земјиште не е отуѓена ни злоупотребена како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ и се гради по пропис и по закон. Сите нови ДУП-ови кои се донесени се скроени исклучиво по интерес на граѓаните, со зголемени зелени површини и намалени габарити на зградите, нешто што ВМРО-ДПМНЕ го правеше целосно обратно. Општината денес е вистински сервис на граѓаните и нивните потреби, работејќи транспарентно, согласно законите“, се наведува во реакцијата од Општина Центар.
Оттаму нагласуваат дека градоначалникот Герасимовски во својот мандат има иницијативи за справување со урбнистичкиот хаос наследен од ВМРО-ДПМНЕ, како иницијативата со која наместо 30% од сопственост за дооформување на земјиште ќе бидат потребни 70% сопственост и иницијативата за конфискација на дивоградбите.
„Вакви политики во времето на ВМРО-ДПМНЕ никогаш немало. Напротив ВМРО-ДПМНЕ е партија која си носеше ДУП-ови од ракав, онакви какви што само нив им одговараше па и покрај протестите на граѓаните истите си ги донесуваа на сила. За ВМРО-ДПМНЕ општината секогаш била и ќе биде сервис на партијата и тло за богатење на алчните партиски челници. Центарци нема да подлегнат на овие манипулации од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи добро се сеќаваат кој им носеше гласачи од Пустец само за да се приграбат до некоја зграда повеќе за свои потреби“, се наведува во соопштението од Општина Центар.