Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат резултатите од анализите што ги изврши ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
– Секторот за санитарна контрола во периодот од 24.10.2023 до 27.10.2023 зема 159 примероци за физичко-хемиска и 159 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), се вели во соопштението од „Водовод и канализација“ – Скопје.