ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Битиќи – Пирани: ИФЦ заинтересирана за поддршка на инвестиции во делот на енергетиката од обновливи извори

November 3, 2023 18:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) е заинтересирана за поддршка на инвестиции во земјава во делот на енергетиката од обновливи извори, било истакнато на денешната средба на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи со Висар Пирани, нов офицер на ИФЦ како дел од Групацијата на Светска банка, надлежен за Косово и Северна Македонија.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, на средбата, која беше продолжение на состанокот кој вицепремиерот Битиќи пред неколку недели го имаше во Вашингтон со високи претставници на ИФЦ, Битиќи, ја искажа неговата благодарност за интересот на ИФЦ да го развие приватниот сектор во Северна Македонија, особено во делот на енергетиката од обновливи извори. Битиќи, се додава, ја истакна и важноста за приближување и на синџирот на набавки на европскиот континент наречен неаршоринг (near-shoring), што произлезе како голема потреба особено во Ковид периодот.

Висар Пирани, пак, се посочува, од негова страна ја искажа подготвеноста на ИФЦ да разговара за начините на соработка меѓу Владата на Северна Македонија и ИФЦ во делот на реализација на проекти кои се од интерес на нашата земја преку поддршка на приватниот сектор за подобрено снабдување со електрична енергија и олеснет пристап до финансии.

Пирани го информираше вицепремиерот Битиќи дека во јануари 2024 година, Светска банка ќе ја усвои новата стратегија, после што ќе се добие јасна слика за можностите за реализација на нови инвестиции, особено во делот на енергетиката од обновливи извори. 

Tags: БитиќиПираниСБ
Next Post

Бочварски и Рустеми: Потребен ни е нов модел за изградба на патиштата

Најново

Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

СДСМ бара оставка од Тошковски: Врсничко и семејно насилство, жртви, скандали, убиства и дрога од 5 тони

April 29, 2026

Мицкоски: СДСМ лажеа дека ќе банкротираме, дека ќе дојдат мигранти, дека се блокирани ИПАРД фондовите, за Вајц лажеа и за се беа демантирани

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk