Екипи на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ – Скопје почнa со целосната реконструкција на паркот за миленици, кој се простира на површина од 1100 метри квадратни.
– Со реконструкцијата на паркот за миленици се ревитализираат старите реквизити, но истовремено се поставуваат и нови содржини за милениците, соопштија градските власти.
Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ истовремено ја почнуваат и изградбата на нови паркови за миленици во мега-парковите во Ѓорче Петров, Чаир и Кисела Вода, а ваков парк за миленици е планиран и во новиот мега-парк во општина Карпош.