ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Со буџетот за 2024 година ќе нема повисоки плати за функционерите, вели Битиќи

November 3, 2023 13:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со новиот буџет, за 2024 година, што веќе се креира и е во завршна фаза, ќе нема средства за повисоки плати на функционерите, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Според Битиќи, избраните и именуваните функционери нема да се откажат од покачувањето на платите за 10 отсто, туку Владата ќе одлучи да нема зголемување.

Се работи на системско решение и наскоро, како што најави Битиќи, се очекува да биде доставен предлог до Владата.

Вицепремиерот истакна дека во 2025 година ќе има целосно нова методологија за плати според која, платата во јавниот сектор ќе се пресметува со истата методлогија по која се пресметува и платата на избраните и именуваните лица. Догодина, пак, јавниот сектор ќе го добие зголемувањето на платите што ќе го издејствува преку гранковите колективни договори кои, сепак, како што напомена, не може да бидат спротивни на начелата од Општиот колективен договор.

Тоа што беше најавено помпезно, дека ќе има зголемување, нема да го има во новиот Буџет. Беше најавено дека поради методологијата, следната година сите функционери ќе добијат повисоки плати, но тоа нема да се случи. Има скратување и во други области во кои гледаме дека има непродуктивни трошоци зашто буџетскиот дефицит конечно ќе го доведеме во тоа што го имаме проектирано со среднорочниот план, а капиталните инвестиции ќе останат многу повисоки од планираниот буџетскиот дефицит. Всушност, се испостави дека не може со еден закон да се адресираат сите 1 260 функционери и дека се потребни седум измени во законите зашто, на пример, измената во еден закон значи дерогирање на одредени права од друг закон што е противуставно. Работната група тоа веќе го гледа, од минатата недела. Сакаме системско решение и мислам дека Работната група наскоро ќе има предлог кој ќе биде доставен во Владата за потоа да се испроцесира до Собранието. Секако, тоа што го планираме во Буџетот за 2024 е со сегашните предвидувања, со одредени скратувања на обврски за следната година за зголемување на платите, истакна вицепремиерот, одговорајќи на новинарски прашање по промоцијата на проектот „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени во Северна Македонија“.

Тој потсети дека за јавниот сектор има Општ колективен договор во кој јасно е кажано што треба вработените да очекуваат во 2024 и во 2025 година.

-Во 2025 година ќе има целосно нова методологија на плати според која, платата во јавниот сектор се пресметува по истата методлогија по која се пресметува платата на избраните и именуваните лица. Се потпишуваат и гранкови колективни договори со одредени права, а следната година секако ќе добијат дополнително тоа што ќе го изборат со гранковите колективни договори, но секако не може да бидат спротивни на начелата од Општиот колективен договор, објасни Битиќи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Битиќиплатифункционери

НАЈНОВО

Заев кон Ципрас: Во ова време на војни и хаотичен свет среќен сим што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор

June 17, 2025

САД префрлаат дополнителни борбени авиони на Блискиот Исток

June 17, 2025

Почина новинарот Владимир Лапе

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад, има повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници открија мистериозни радио бранови кои доаѓаат од под мразот на Антарктикот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk