ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Законот за амнестија не доби поддршка од Собранието, министерот Лога најави дека ќе го поднесе повторно по редовна постапка

November 3, 2023 09:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Предлогот на Владата по скратена постапка да се донесе законот за амнестија не доби поддршка од Собранието, додека министерот за правда Кренар Лога најави дека повторно ќе го поднесе законот за амнестија, овој пат по редовна постапка.

Собранието при утврдувањето на дневниот ред на 129 седница, со 66 гласа „против“, 17 „за“ и тројца „воздржани“, не го изгласа предлогот за носење на Законот за амнестија по скратена постапка. Претходно, опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира носењето на законот со доставување голем број амандмани, а амандмани најави и СДСМ со цел да се изземат  од амнестирање осудените од предметот „Монструм“.

Лога, на прес-конференција во Собранието вчера порача дека предлогот набрзо ќе биде вратен пред пратениците, бидејќи законот е изготвен, и оти нема ниту една забелешка врзана за законот.

Денеска Македонија е понеправедна држава од вчера, за жал оваа неподдршка за предлог Законот за амнестија ја гледам како одмазда за измените на Кривичниот законик кон мене и мојата политичка партија, изјави Лога и изрази надеж дека пратениците биле „против“ поради скратената постапка.

Според Лога, Собранието предлогот не го прифатило од Владата, а не од министерот за правда и најави дека пак ќе ја повтори постапката, со редовна процедура.

Гласањето на законот за амнестија не треба да влијае врз односите во коалицијата со Алијанса за Албанците смета премиерот Димитар Ковачевски. Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Првата конференција за патна инфраструктура, Ковачевски вчера појасни дека е запазена целата процедура и оти секој можел да го искористи своето демократско право за гласање.

Владата донесе одлука и му се даде можност на министерот за правда да го образложи законот за амнестија пред пратениците, што беше направено во текот на денешниот ден. Но, пратениците во Собранието имаат суверено право да гласаат во свое име и во име на граѓаните во однос на законските решенија што се нудат. Сметам дека е запазена целата процедура и сето она што беше кажано и сметам дека ова не треба да влијае врз односите во коалицијата, со оглед на тоа дека секој можеше да го искористи своето демократско право да ги искаже своите аргументи, а оние кои што го имаат правото на глас да го искористат за гласање на парламентарната сесија, рече Ковачевски.

Тој појасни дека уште кога бил предложен законот за амнестија постоеле различни ставови во однос на ефектите од него. Интенцијата на законот, нагласи, била да се растоварат затворите со оглед на нивната пополнетост и ставот на министерот за правда Кренар Лога беше дека тоа може да се направи со закон за амнестија. Ист таков закон за амнестија веќе е гласан во Собрание.

– Од друга страна постоеа аргументи кои го велеа спротивното, а тоа е дека претходниот закон не ги дал посакуваните ефекти со оглед на тоа дека најголемиот број на оние што биле амнестирани веднаш потоа биле сторители на исти кривични дела и биле повратници во затворите. И второ што на издржување на казна чекаат над 2.000 нови осуденици, што нема да доведе до растеретување на затворите и дополнително беа наведени како опции условниот отпуст, пробацијата и други мерки кои можат да се користат со цел растеретување на затворите од преголем број затвореници, истакна Ковачевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, коментирајќи го неизгласувањето на потребата од носење на овој закон во Собранието, рече дека ставот на неговата партија за законот за амнестија е јасен, а прашањето е дали има недоразбирање меѓу пратениците од СДСМ и раководството на партијата.

Откако овој закон ја помина владината процедура, се најде на владина седница. Тоа може да значи дека Спасовски, Ковачевски, Маричиќ, Петровска, Грковска и останатите од СДСМ, го гласале на владина седница, а пратениците сега велат дека нема да го гласаат. Можеби прашањето сега треба да биде да не има некакво недоразбирање меѓу пратениците и раководството на СДСМ, рече Мицкоски.

Министерот Лога пред почетокот на 129. собраниска седница на пратениците им достави албум со фотографии од затворот Идризово, порачувајќи дека одговорноста сега е на Собранието.

-Имате 2100 осуденици во затвор кои имаат лежено повеќе  од две третини ако во овој дел се амнестираат имаат 2800 исто така осуденици кои се на улица. И сега реториката дека криминалци ќе излегуваат на улица не е во ред. Вкупно 2 800 тие се на улица што веќе ги имаме меѓу нас. За ова дали имаат одговор. Јас сакав одговорноста како министер да ја префрлам каде што треба да прифатат одговорност. Одговорноста за ваквите чекори му припаѓа денеска на Собранието. И за жал си донесоа таков став. Ќе пробам уште еднаш, истакна Лога.

Со овој предлог Закон се очекува да бидат целосно ослободени од затворска казна 286 осуденици, а делумно да бидат амнестирани 996. Во моментот, 2114 осуденици издржуваат затворска казна, а 2813 треба да влезат во затвор. За тие што чекаат ред за издржување на затворска казна, од Министерството наведуваат дека дополнително ќе се утврдува колку од нив ќе бидат опфатени со амнестијата.

Tags: закон за амнестијаКРЕНАР ЛОГАСобрание
Next Post

Петти пчеларски саем во Скопје

Shortcut

Најново

Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk