ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ОН за пораст на омразата по нападот на Хамас: И Евреите и муслиманите велат дека не се безбедни

November 4, 2023 17:18
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Туерк денеска изрази жалење за „значителното зголемување на омразата“ во светот по нападите на Хамас на 7 октомври. Туерк во изјавата рече дека жали за зголемениот број случаи на антисемитизам, исламофобија и други форми на говор на омраза, соопшти ОН.

„Последиците од оваа криза (…) можат да се видат насекаде, тие ги дехуманизираат и Палестинците и Евреите. Сведоци сме на значително ширење на говор на омраза, насилство и дискриминација, како и продлабочување на социјалните фрактури, поларизација и негирање на правото на слобода на говор и мирно собирање. Слушнав дека Евреите и муслиманите велат дека не се безбедни и тоа ме растажува“, истакна претставникот на ОН.

Израелската армија го опколи градот Газа, обидувајќи се да го уништи Хамас и да одговори на нападите на 7 октомври, во кои, според израелските власти, загинаа околу 1.400 луѓе во Израел, главно цивили. Министерството за здравство во Газа, под контрола на Хамас, тврди дека повеќе од 9.400 жители на Газа, главно жени и деца, загинале во израелската офанзива.

Туерк додаде дека во светот има сè повеќе примери на „малтретирање, напади и говор на омраза против муслиманите и Евреите, вклучително и на митинзи поврзани со конфликтот“. Високиот комесар, исто така, ја осуди „тензичната и токсична реторика на омраза“ што ја користат политичките лидери.

„Поплавата од изјави со омраза на кои сме сведоци, вклучително и на социјалните мрежи, е одвратна“, рече тој.

„Меѓународното право е јасно во овој поглед. Забрането е секое повикување на етничка, расна или верска омраза што ќе поттикне дискриминација, непријателство и насилство“, посочи тој.

Туерк воедно нагласи дека е загрижен за ограничувањата на слободата на говорот во време на конфликт, истакнувајќи дека некои земји во голема мера го ограничиле правото на протест, наведувајќи ја опасноста за националната безбедност и глорификацијата на тероризмот.

„Државите мора да гарантираат безбеден и соодветен простор за учество и дискусија. Тие не можат неразумно да го ограничат учеството, дискусијата и критичките коментари за конфликтот, ниту изразувањето на солидарност со Израелците и Палестинците. Во некои случаи, воспоставивме општи и непропорционални ограничувања на собири, особено кога станува збор за пропалестинските собири“, додаде тој.

Г. Т.

Tags: безбедностговор на омразаЕвреиизраелмуслиманинападиОНХамас
Next Post

Фон дер Лајен пред украинските пратеници: Борбата на Украинците за слобода ни го покажа вистинското значење на Европа

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk