Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е неодговорно да се вклучи во разговорите за одржување избори во воена Украина и повика на единство за да се избегнат бесмислени политички дискусии, пишува Ал Џезира.
Зеленски истакна дека е клучно да се концентрира на воените предизвици со кои се соочува земјата додека се обидува да ги одбие руските окупациски сили од речиси една петтина од нејзината територија.
„Сите разбираме дека сега, во време на војна, кога постојат многу предизвици, дека е крајно неодговорно да се вклучуваме во теми поврзани со изборите на таков несериозен начин. Мораме да разбереме дека ова е време на одбрана, време на борба, од кое зависи судбината на земјата и нејзиниот народ. Верувам дека изборите не се соодветни во овој момент“, рече тој во своето ноќно обраќање.
Изборите се забранети според воената состојба што е на сила во Украина, но Зеленски размислуваше да се повика на посебни одредби за организирање на изборите – промени во законот и странска помош за плаќање на изборите. Тој рече дека ќе се кандидира по вторпат.
Министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба во текот на викендот изјави дека претседателот ги разгледува причините за и против одржување на избори во време на војна.
Постоеле повици однадвор, особено од републиканскиот сенатор Линдзи Греам, изборите да се одржат како доказ дека демократските институции во Украина се во добра форма.
Г. Т.