„Во оваа земја, овие 45 години владее еден закон, а тоа е законот на гравитација. Овде секогаш за едни е мајка, а за други е маќеа, во зависност од политичките констелации. Секој оној што е политички моќен или што има најмногу гласови меѓу македонскиот, албанскиот и останатите етникуми е лекторат. А, кога ќе падне од власт тогаш законот изричито се однесува за тој којшто е паднатиот“, изјави политичкиот аналитичар и кколумнист на „Фронтлајн“, Ненад Јовановиќ, за емисија во „Студио 10“ на Телевизија 24.
Тој смета дека постојат погрешни толкувања во однос на Кривичниот законик и посочи дека колку и да се добри намерите за либерализација на кривичниот законик, гледаме дека некои луѓе пострадаа во време на Груевски. Конкретно тој ја спомена прес-конференцијата на Цановски.
„Со својот случај, гледаме дека со овој кривичен законик тие директно се погодени. Така што, за едни кривичниот законик ќе биде мајка за други маќеа“, заклучи Јовановиќ.