ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Средба Богоев – Кванјанг Ко: Македонската граница ќе биде граница на ЕУ

November 8, 2023 15:58
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Царинска управа, Стефан Богоев и генералниот директор на Царинската служба на Република Кореја, Кванјанг Ко се сретнаа во седиштето на корејската Царина во Сеул на којашто најавија отпочнување на реализацијата на грантот од 4,8 милиони долари за развој и имплементација на систем за управување со ризици и податочен склад.

Богоев заедно со помошниците директори, Маженковски и Ветеровски, е во дводневна работна посета на Царинската служба на Република Кореја, што се реализира во рамки на неодамнешниот потпишан Меморандум за соработка со корејската Царина.

„Имплементацијата на овој систем ќе помогне во унапредување на ефективноста на Царинската управа, односно да собереме повеќе пари во Буџетот, да бидеме партнер на бизнис заедницата, и да се бориме против организираниот криминал и корупцијата што повторно придонесува за повеќе приходи во Буџетот“, потенцираше Богоев.

Oдлуката за доделување на грантот од Владата на Кореја следи по тригодишна анализа на македонската Царина по што е одлучено дека како лидери во регионот, грантот треба да биде доделен токму на Царинската управа на Република Северна Македонија. Во оваа насока, од страна на генералниот директор Кванјанг Ко беа поздравени заложбите што ги презема македонската Царина со цел зголемување на ефективноста на Царината и создавање услови за поголема конкурентност на македонската економија.

Богоев во рамки на средбата ја истакна посветеноста на нашата држава на процесот на интеграција во ЕУ и поставување на основите за функционирање на единствен пазар.

„Стратешка цел е Република Северна Македонија да стане рамноправна членка на Европската Унија до 2030 година што значи дека македонските граници ќе бидат граници на ЕУ. Ова значи и целосна хармонизација на нашето законодавство со европските регулативи. Воедно во континуитет работиме на целосна дигитална трансформација на Царинската управа и имплементација на нови и унапредување
на постоечките ИТ системи во линија со системите на ЕУ“, заклучи Богоев. Во текот на утрешниот ден ќе бидат потпишани Меморандуми за соработка коишто ќе отворат нови можности за финансиска поддршка.

Tags: БогоевграницаЕУКванјанг
Next Post

Според Изветајот на ЕК, нотиран прогрес во 81 отсто од поглавјата, нема назадување во ниту едно

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk