На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во извршените сообраќајни контролои изречени се вкупно 230 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 102 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 18 санкции за некористење сигурносен појас.
МВР утрово информира дека се изречени шест мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 13 санкции за возење под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.