ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски на „Винска визија на Отворен Балкан“: Винските патишта на нашите држави стануваат светска дестинација

November 16, 2023 18:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Македонските, српските, албанските и црногорските винарии се рамо до рамо со врвните светски вински производители. Тоа е мегдан за наша промоција, за вмрежување и за отворање нови пазари. Преку оваа иницијатива ја покажавме и функционалната соработка помеѓу нашите стопански комори, ја покажавме соработката помеѓу нашите држави, ја покажавме соработката помеѓу нашите граѓани и компании и заедно направивме подобар резултат. Винските патишта на нашите држави стануваат светска дестинација. Ова вечерва го истакна премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на вториот меѓународен саем за храна, вино и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ што се одржува во Белград.

Ковачевски, како што јави известувачот на МИА од Белград, истакна дека годинава преку овој саем на вино се создаваат силни врски кои, како што рече, значат стимул за нашите економии.

– Овозможивме на граничните премини да функционираат зелени ленти за брз проток на транспортните камиони од трите земји. Во функција е и заедничкиот систем за електронска наплата на патарини без застанување. Се реализираа повеќе соработки од областа на туризмот и културата, а следува и отстранување на работните дозволи меѓу државите членки. На овој начин градиме добрососедски односи и доверба како пријателски држави, но и заеднички чекориме по европскиот пат и тоа го направивме сами без некој друг да дојде да ни каже, како да го направиме, и на кој начин да го направиме, нагласи Ковачевски.

Според него, преку иницијативата „Отворен Балкан“ заедничкото претставување и промоција на македонскиот и балканскиот вински и туристички квалитет ги отвораме патиштата за нашите компании до врвното меѓународно винско и гастрономско поднебје. Со организацијата, учеството на ваквите саеми даваме значаен придонес кон процесите на создавање на единствен пазар помеѓу земјите од Западен Балкан, а со тоа полесно приклучување до европскиот пазар.

Преку инцијативата „Отворен Балкан“, како што рече, имаме и видливи резултати кои се гледаат преку бројки.

– За 25 проценти ја зголемивме размената и трговијата помеѓу Северна Македонија, Албанија и Србија.  Размената со Србија надмина 1,1 милијарда евра што е најголемо ниво на трговска размена во последните 17 годни помеѓу двете држави. Само минатата година размената со Албанија е зголемена за 40 проценти, со Србија за 50 проценти. Преку зголемувањето на соработката имаат бенефит и компаниите и граѓаните и државите и целото опкружување, подвлече Ковачевски.

Овој саем на вино, како што нагласи, не е само обична саемска манифестација, туку можност за нашите компании и нашите професионалци да покажат дека со здружени сили ние сме вистински партнер за развој на нашите економии и зацврстување на економската соработка во регионот.

– Јас доаѓам од мала држава по број на жители и по територија, меѓутоа доаѓам од голема држава во производство на вино. Северна Македонија е втора земја извозник на вино во регионот и 29-та земја извозник на вино во светот. Нашиот капацитет за производство на вино изнесува 1,72 милиони хектолитри, коишто е двапати поголем од вкупното производство на вино во моментов.  Податок кој ни дава мотив и поттик за понатамошно зголемување на производството, рече Ковачевски.

Според премиерот Ковачевски, со мерки, законски решенија и финансиска поддршка,  ние сме на вистинскиот пат тоа и да го оствариме.

– Саемите како овој се исто така и можност за наш развој, за зголемување на продажбата, за развој на компаниите меѓутоа и за промоција на квалитетот којшто го нудиме од нашите држави, потенцира Ковачевски.

На отворањето на семот се обратија и претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, а преку видео порака се обрати и премиерот на Албанија Еди Рама. Се обрати и претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж.

Саемот се одржува под покровителство на Владите на Србија, Албанија и Северна Македонија, а во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

На саемот за вино годинава има над 600 изложувачи, бројни винарии, дестилерии, гастрономски компании од повеќе од 28 земји. 

Tags: Винска визија на Отворен БалканДимитар Ковачевски
Next Post

На црната листа на САД се најдоа мајката од Орце Камчев, Сергеј Самсоненко и неговата сопруга 

Најново

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk