ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Делегација на собраниската Комисија за европски прашања на интерпарламентарна средба во Приштина

November 18, 2023 12:45
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Собраниска Комисија за европски прашања

Фото: Собраниска Комисија за европски прашања

Share on FacebookShare on Twitter

Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, во состав Арбер Адеми, претседател,Фаница Николовска,член и замениците членови Бети Рабаџиевска Наумовска, Абдула Салиу и Игор Здравковски учествувалена заедничка интерпарламентарна средба на комисиите за европски прашања и надворешни работи на парламентите на Албанија,Босна и Херцеговина,Бугарија, Северна Македонија,Косово и Хрватска, што се оддржа во Приштина, Косово.

На форумот, кој го отворила Арбереше Криезиу-Хисени, претседателка на Комисијата за надворешни работи и дијаспора, соопштија денеска од собраниската Комисија, поздравни говори имале Саранда Богујевци, прв потпретседател на Собранието на Косово, како и Бесник Бислими, прв вицепремиер за евроинтеграции, развој и дијалог и Доника Гервала Шварц, втор вицепремиер и министер за надворешни работи и дијаспора во Владата на Република Косово.

Во нивните излагања, се вели во соопштението, било истакнато дека овој форум претставува стратешка платформа за суштински дијалог за нашиот заеднички пат кон европската интеграција и во насока на взаемна соработка и поддршка и споделување на позитивните искуства и практики.

– Адеми во своето обраќање во сесијата посветена на Движење во процесот на евроинтеграција: предизвици, можности и стратегии за соработка,ја поздрави иницијативата за регионално обединување и разменување искуства и практики во врска со евроинтегративните процеси,која ќе придонесе за позитивни резултати во смисла на нивно унапредување и пристигнување до крајната заедничка цел, а тоа е членството во ЕУ.Притоа, истакна дека, Северна Македонија во континуитет одржува позитивен тренд на соработка и интензивна, билатерална комуникација,на највисоко ниво со сите земји од ЗБ. Нашиот стратешки интерес е во насока на градење, збогатување и одржување на стабилни и просперитетни добрососедски билатерални односи, во сите области од вземен интерес,и во таа насока, надминување на отворените прашања, стои во соопштението од собраниската Комисија.

Адеми истакнал дека треба да се искористи позитивниот моментум во ЕУ за процесот на проширување, кој реално, ккао што рекол, добива на забрзување заради гео-политичките околности и дека Северна Македонија не смее да заостане на својот пат кон ЕУ, поради условот кој ни е поставен во Преговарачката рамка, а тоа е измената на Уставот на земјата, со цел Бугарската заедница да се внесе во Уставот. Изразил надеж дека процедурата која е отпочната успешно ќе заврши и земјата ќе ги почне преговорите и ќе го отвори кластерот „Темели“.

Во дискусиите,соговорниците ги размениле мислења и ставови за досегашните искуства во поглед на евроинтегративните процеси, при што истакнале дека ЕУ процесот мора да има предвидливост,со цел да биде успешен. Заедничка била констатацијата дека регионот нема друга алтернатива, и дека земјите од ЗБ својата иднина ја гледаат во Унијата.

– Поради тоа, беше искажана подготвеност земјите да ги исполнат европските реформи, усогласување на националното со европското законодавство,согласно Копенхагенските критериуми, и надминување на ветото за блокирање на ЕУ процесот, поради билатерални прашања, соопштија од собраниската Комисија за европски прашања.

Tags: ДелегацијаСобраниската Комисија за европски прашања
Next Post
Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Историјата ќе ги казни луѓето што ќе ја пропуштат шансата пред која се наоѓаме

НАЈНОВО

Две малолетнички тешко повредени, паднале од електричен тротинет

November 16, 2025

Убиена 79 годишна жена во Штип, убиецот ја закопал во дворот

November 16, 2025

Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

November 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ВИ актерка

    (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 10 славни мајки и ќерки кои го делат холивудскиот сјај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk