И по 6 (и со зборови шест) дена од експилицитниот говор на омраза на новинарот и уредник во ТВ Алфа, Горан Момировски при неговото гостување на Лидер.фм, изостанаа реакциите и соопштенијата од новинарските здруженија, ЗНМ ( само еден коментар на новинарско прашање), ССНМ, МАН, СЕММ, но и од Обвинителството и МВР
Во понеделникот на 13 ноември 2023 година. новинарот и уредник во ТВ Алфа, Горан Момировски при неговото гостување на Лидер.фм спроведе експилицитен говор на омраза со упатување на сериозни закани по живот кон членовите на СДСМ и нивните семејства, како што самиот изјави, во улога на новинар.
„Ова делува заканувачки од новинар, но треба да бидат свесни дека за вакво национално предавство, да се обидете да ја предадете државата на владеење на други луѓе, да ја поделите државата, не само тие што учествувале ќе бидат санциионирани, со најцрни сценарија, да бидат убивани луѓе по улица, ќе има далекусежни последици по целите нивни семејства“, рече Момировски.
Момировски во емисијата на Љупчо Златев на Лидер.фм, по зедничката констатација дека власта, наводно, несакајќи да распише избори ќе посегне по етнички тензии, упати закани дека доколку го спроведат наводниот план, ќе летаат глави и ќе бидат убивани луѓе по улица.
Video Player00:0000:15„Луѓето во СДСМ ја сносат најголемата одговорност, иако ДУИ управува со државата од Илинденска, односно од Мала Речица. Ако го направат овој план, треба да бидат подготвени дека ќе летаат глави. Ќе има убиени луѓе на улица“, се закани Момировски.
Целиот текст за говорот на омраза на Момировски прочитајте го ТУКА
Извор: ЦИВИЛ Медиа