Во четвртокот. 16 ноемвири, американската влада ја прошири Црната листа назначувајќи дополнително поединци и субјекти поврзани со финансиската мрежа на Јордан „Орце“ Камчев, кој беше санкциониран од САД во јули 2023 година за корупција. Министерството за финансии на САД воведе санкции и за Сергеј Самсоненко, Ирина Самсоненко и Ратка Куноска Камчева (мајка на Орце Камчев и сопственик и основач на Орка Холдинг) за корупција и малигни активности во согласност со Извршните наредби 14033 и 14024, заедно со деловните субјекти што тие или Орце Камчев, како означени од САД ги поседуваат или контролираат.
Овие постапки илустрираат како одредени елити имаат корист од корупцијата и ги поткопуваат државните институции на сметка на граѓаните на оваа земја. Соединетите Држави ќе продолжат да бараат одговорност од корумпираните актери, а денешната објава е потсетник дека со кого соработувате може и ќе влијае на вас и на вашето семејство.
Сергеј Самсоненко, двоен државјанин на Русија и Северна Македонија и богат бизнисмен кој живее во Северна Македонија, помеѓу 2017 и 2018 година, со неговата сопруга, Ирина Самсоненко, исто така двојна државјанка на Русија и Северна Македонија, купиле земја од СДН Јордан Камчев (САД го назначиле Камчев на 19 јули 2023 година во согласност со E.O. 14033 за одговорен за или соучесник во, или директно или индиректно ангажиран во, корупција поврзана со Западен Балкан). Оваа набавка на крајот го поттикна Самсоненко да сведочи пред судот во Северна Македонија за време на судскиот процес „Парцели на Водоно“ во кој и Камчев и неговата мајка Ратка Куноска Камчева беа обвинети за перење пари.
Во 2021 година, Сергеј Самсоненко извршил исплати на неговата сопруга Ирина. Во истиот рок, Ирина префрлила пари на Камчев Консалтинг Скопје ДООЕЛ (Камчев Консалтинг) и Орка Фајнанс Скопје ДООЕЛ (Орка Фајнанас); двете компании се поврзани со Камчева. Исто така, во истиот временски рок, парите што им беа префрлени на Камчев Консалтинг и Орка Фајнанас беа искористени за плаќање на заем поврзан со Орка Холдинг АД, компанија поврзана со Јордан Камчев ( основачи се таткото на Орце Камчев, Илија и неговата мајка Ратка). Дополнително, Самсоненко и Ирина ја купиле фирмата Систина Лајф Кеар Сентар Скопје ДООЕЛ, друг субјект вмешан во судскиот процес „Парцели на Водоно“, од Камчев и Камчева. Конечно, Бет Сити Интернационал ДОО Скопје (Бет Сити), спортска обложувалница, половина е во сопственост на Самсоненко, а половина сопственост на Орка Холдинг, чиј директор е Јордан Камчев.
Целиот текст за проширувањето на Црната листа на САД прочитајте го ТУКА
Извор: ЦИВИЛ Медиа