ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Столтенберг: За Западниот Балкан е важно да ги избере дијалогот и дипломатијата пред конфликтот и војната

November 22, 2023 14:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Западниот Балкан е стратешки важен за НАТО и иако нема директна воена закана кон некоја од земјите во регионот, сепак има причини за загриженост за состојбите поради зголемување на тензиите, изјави денеска во Скопје генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенбер по средбата со лидерите на членките на Пактот од регионот.  

– Гледаме закани за сецесионизам во БиХ, кревка безбедносна состојба во Косово и застој во преговорите меѓу Белград и Приштина, а авторитарните држави како Русија го загрозуваат нашиот демократски интегритет со кибер закани, истакна Столтенберг по средбата на која присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, неговите колеги од Албанија и Црна Гора, Еди Рама и Милојко Спајиќ и хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.

Според Столтенберг, во НАТО постои загриженост за развојот на настаните во одредени држави во Западниот Балкан и затоа мора да се препознае силата и важноста на Алијансата во регионот.

– НАТО е присутен во овој регион со години. Во Косово го зголемивме нашето присуство со околу 1000 дополнителни војници и со потешко вооружување. Секогаш сме претпазливи, од блиску ја набљудуваме состојбата и секогаш ќе го направиме она што е потребно за да се заштитат и одбранат сите сојузници, рече Столтенберг.

Тој истакна дека за НАТО се важни и начините на соработка со партнерите од регионот и да се стабилизира соседството на Алијансата.

– Кога нашите соседи се постабилни, ние сме посигурни. Затоа ми е важно да седнам со сите лидери од овој регион и да ги споделам нашите проценки, бидејќи така ќе можеме подобро да сфатиме како да напредуваме, истакна Столтенберг, додавајќи дека НАТО има заедничка историја со Западниот Балкан, но и обврска да помогне во обезбедувањето на неговиот мир и просперитет.

Столтенберг нагласи дека се обраќа до сите во регионот со порака дека е важно е да се изберат дијалогот и дипломатијата пред конфликтот и војната, нагласувајќи оти дијалогот меѓу Белград и Приштина е суштински за нивниот мир и просперитет, при што последните предлози за формирање на Заедницата на општини со мнозинско српско население ги оцени како чекор напред.

Време е да се надминат регионалните конфликти, што траат предолго, порача Столтенберг.

Во тој контекст тој потенцира дека Република Северна Македонија е валиден сојузник на НАТО која дава важен придонес кон заедничката безбедност, но исто така е пример за успешни мултиетнички односи и општество во кое луѓе од различни етнички групи живеат заедно и ја градат земјата во мирољубива коегзистенција.

Првиот човек на Алијансата додаде дека на средбата станало збор и за руската агресија врз Украина, при што упати апел до двете страни за прекин на конфликтот, поздравувајќи го придонесот на сојузниците од НАТО на тој план, особено во услови на тешка ситуација на бојното поле.

Столтенберг најави тесна соработка во иднина, како и при подготовките за следниот Самит на НАТО во Вашингтон идната година, на кој, како што нагласи, Алијансата ќе продолжи да работи на изградба на заедничката иднина и зајакнување на својата безбедност против геостратешката конкуренција и на поддршката на Украина.

Tags: Западен БалканЈенс СтолтенбергНАТО
Next Post

Средба на претседателот Пендаровски со хрватскиот претседател Милановиќ

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk