ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: На средба во Собранието во декември ќе се дефинираат сите детали за одржувањето на изборите

November 23, 2023 13:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во мај идната година има доволно простор да се организираат редовни претседателски и парламентарни избори. Информира дека на средба во Собранието во текот на декември ќе се дефинираат сите детали во однос на одржувањето на изборите.

Во однос на техничката влада, Ковачевски во одговор на новинарско прашање, рече дека таа е законска обврска, така што, кажа, 100 дена пред одржување на изборите согласно Законот за влада којшто е важечки во државата има техничка влада и исто така и тој закон се носи со консензус помеѓу политичките партии во Собранието.

– Во однос на финалните одлуки што ќе треба да бидат донесени во врска со одржувањето на изборите, се работи за две одлуки. Едната е прво промена на Изборниот законик преку внесување на сите забелешки од ОБСЕ/ОДИХР, на тоа работи работна група. Во почетокот беше работна група во која што учествуваа експерти и претставници на политички партии во Собранието, меѓутоа сега се вклучени и политички партии од власта доминантно, меѓутоа и опозициските партии. Мислам дека за многу краток период ќе имаме изборен законик што ги вклучува сите одредби од забелешките на ОБСЕ/ОДИХР и што ќе овозможи продолжување на одржување на демократски избори во државата какви што ги имавме во изминатите циклуси, а за разлика од оној 11-годишен период кога изборите беа окарактеризирани како недемократски, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата Вабтек МЗТ АД Скопје.

Информира дека во текот на декември ќе се одржи средба во Собранието, на која ќе бидат дефинирани сите детали во однос на одржувањето на изборите.

-Така како што се правело во минатото ќе биде направено и сега и идната година Северна Македонија ќе оди на избори така како што е пропишано и со закон и со Устав, истакна Ковачевски.

Во однос на тоа дали ќе имаат заеднички листи со ДУИ, рече дека тоа е нешто што е одлука на политичките партии и е предмет на коалициски договори, така што во моментов, додаде, за такво нешто не можеме со сигурност да зборуваме.

Tags: избориизјаваКовачевски
Next Post

Советот на ЈО едногласно ја разреши Вилма Русковска

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk