ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Трајко ја издаде „стратегијата” на ВМРО-ДПМНЕ за глас повеќе

November 26, 2023 15:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА

Конечно ВМРО-ДПМНЕ да го видиме како се дави и гаргара во сопствената жабокречина – знаат дека ќе си останат опозиција, бидејќи ги изнавредија сите – не партии, туку квалитети – уверувања, етникуми, националности, раси (последната „иновација” на Трајко), и тоа толку многу, што коалиција со нив станува невозможна, освен со сопственото приврзоче – Левица. А баш со Левица си прават конкуренција на истата ала-наци основа.

Која глупава стратегија. Па уште и колку не можат да изглумат жар, револуционерност, идеализам, толку дрндаво да се звучело. Не мора да се идиотизираат со опсцености како Апасиев, ама за сѐ попристојно мора да се има искрен порив, а кој ептен го немаат, до клетките од ножните ноктиња.

Просто се гледа дека ги читаат од книга основите за дискриминација и си измислуваат глупави изјави со по некоја основа. Сега ги потрошија сите основи, па одат на некои без врска, како раса, на пример.

Дури и не им текнува дека може да пробаат со комбинации Еве да им помогнеме со една врвна:

Утре веројатно ќе нѐ секираат со „наезда” од сиромашни разведени бисексуални, црномурести албански Бугарки – муслиманки со попреченост, „закачени” на чистомакедонското социјално, а што невенчано живеат „во грев” со еврејски хомосексуални Етиопјанки со попреченост – и тие на Александровото македонско расно кавкаски бело социјално!

Сево ова укажува дека останале само некои неталентирани да ја прават стратегијата во вмро. Имено: Замислиле дека ќе добијат повеќе гласови ако се претстават толку многу национално, етнички, религиски и расно „чисти”, што „вистинските” Македонци нема да можат да одолеат да го гласаат вмровското- наместо „левичарското”! А Левица, пак, се граба за истите наци-гласови и тотално ги откачи „остатоците” од неутралата на либералното тело.

Националистите меѓу народот, пак, никако да разберат дека врзаноста ко црева меѓу себе не е саде бенефит – гужва пред гол носи помал профит ПО ГЛАВА од националист, односно, колку повеќе луѓе конкурираат кај вмро+левица за да ги направат влада, толку помало залче останува за секого од ветеното. А гужва пред гол не резултира со гол баш сигурно. Дотолку повеќе што може за малку да не стигне бројката, па ич ништо да не добијат за „маката” да ги гласаат. А и да стигне, таква влада паѓа на 101-виот ден, од лабилност – не знае да се договара.

За другите квалитети (формулирани преку другите партии) овој принцип не важи, бидејќи нормалните партии во основа не се натпреваруваат на ваков „тендерашки” конкуренциски принцип кај своите симпатизери како што ВМРО ДПМНЕ со својата понуда всушност отвара.

Ова е така бидејќи наци- сентиментите со економска позадина немаат реална вредност, како на пример автентичните социјално-економски предлози. Не може вечно да се дуе балонот од лажности – еве, дојде времето само латексот да им остане залепен на прстите, оти готов е балонот, пука, односно пукнат е веќе.

Ништо не им остана на ВМРО-ДПМНЕ, освен тенденцијата уште повеќе да се одвојуваат од бродот/возот и скроз да потонуваат, надевајќи се дека сѐ уште ќе можат да ги повлекуваат сите (цела Македонија) надолу, за да можат да се прикажуваат како спасители што допрва се фрлиле да спасуваат. Кај се чуло и видело давителот да е спасител и уште колку пати мислат дека можат на ист начин да ги лажат луѓето, па колку и да се занесени по вергини, букефали и да мразат „Индијанци”.

Стратегијата на Левица е на ист начин глупава со акцентирањето на вмровските „принципи”, ама со зачинот – да не се гледа дека се суштински – вмро. Наместо да надградат над фактот дека вмро ја има тешко зафкнато работата како некогашна власт, тие сами си се депласираат со газење на оригиналните леви принципи и лажно балансирање на божемна еднаква „зафркнатост” на оваа власт. Практично копи-пејст од стратегијата на вмро, но мала партија нема капацитет да собере тотално никаков плод од тоа – балансот динамички им се „одбалансирува” дури и внатре во левица, а камоли меѓу гласачите.

Конечно, конечно, фала богу, глупавоста е против вмровството, дали во вмро, дали во левица – сами си ја бркаат (и си ја јадат ) опашката. Најпосле Македонија да земе здив, па да продолжи кон ЕУ.


Текстот е личен став на Авторката

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕнационализамрасизамТрајко СлавескиЦелакоска

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk