ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Блинкен доаѓа во Скопје, ќе ги претставува САД на состанокот на ОБСЕ

November 27, 2023 18:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе ги претставува САД на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје оваа недела, објави помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан.

Во контекст на претстојното учество на американскиот државен секретар на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО, што се одржува од денеска до среда во Брисел, О’Брајан пред новинарите во Вашингтон изјави дека Блинкен за време на неговата турнеја низ Европа неделава се очекува да ја истакне континуираната поддршка на НАТО за Украина, јавија светските агенции.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и актуелен претседавач на ОБСЕ во саботата потврди дека државниот секретар на САД Ентони Блинкен ќе дојде на неформалната вечера на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје.

Османи, кој одржа брифинг со новинарите околу подготовките на Советот, не можеше да прецизира дали на неформалната вечера ќе присуствуваат и рускиот и украинскиот министер за надворешни работи. Како што рече, агендите на сите министри се различни, па не мора да значи дека секој од нив ќе биде присутен на конференцијата сите три дена.

На 28 ноември, информира Османи, ќе почнат да пристигнуваат гостите, а неформалната вечера е предвидена за 29 ноември со поголемиот број министри. На вечерата се очекува да бидат изнесени ставовите на државите во однос на иднината на ОБСЕ, но тема, како што рече Османи, ќе биде и агресијата во Украина.

-За неформалната вечера го очекуваме државниот секретар Блинкен. Во кој дел од трите дена ќе биде министерот за надворешни работи на Руската федерација, Сергеј Лавров, тоа сега не можам да кажам. Не треба да очекуваме дека во сите три дена, сите ќе останат три дена. Сепак, тоа се важни луѓе кои ќе дојдат на одреден дел од настанот и ќе си заминат. Дали ќе се поклопуваат термините на нивните престој, тоа се уште не можам да го кажам, се уште ги утврдуваме тие детали. Ќе дојдат сите делегации, прашањата се дали ќе бидат министрите или нивните заменици, рече Османи.

Средбата на министрите за надворешни работи на земјите членки на ОБСЕ ќе се одржи во Скопје во периодот од 29 ноември до 1 декември. Со организацијата во моментов претседава Република Северна Македонија, која од 1 јануари ќе ја предаде диригентската палка на Малта.

Tags: Ентони БлинкенОБСЕСАДСкопје
Next Post
Столтенберг на прес-конференција

Столтенберг: Украина успеа да врати 50 отсто од територијата преземена од Русија

НАЈНОВО

Почнува меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков-Дрен“ 2025

September 1, 2025

Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

September 1, 2025

Северна Македонија добива 8 милиони евра од ЕУ за забрзување на реформите

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk