Примирјето меѓу Израел и Хамас е продолжено седми ден, објавија извори од двете страни само неколку минути пред истекот на договорот, пренесува Ал Џазира.
Израелската војска во четвртокот соопшти дека привремената пауза во борбите во Појасот Газа ќе продолжи „во светло на напорите на посредниците да го продолжат процесот на ослободување на заложниците и под услов на договорот“.
Во посебна изјава, од Хамас соопштија дека е постигнат договор за продолжување на привремениот прекин на огнот, кој првично започна во петокот.
Катар, кој посредуваше меѓу двете страни, рече дека договорот се продолжува под истите услови како и во минатото, според кои Хамас ослободува 10 израелски заложници дневно во замена за 30 палестински затвореници.
Д. Т. / Цивил Медиа