ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лавров маргинализиран на Самитот на ОБСЕ во Скопје

Очигледно исфрустриран поради тоа што неговото обраќање беше бојкотирано од дел од делегациите, кои станаа и ја напуштија конференциската сала веднаш откако претседавачот на ОБСЕ, Бујар Османи, го најави обраќањето на шефот на руската дипломатија

November 30, 2023 14:49
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
ОБСЕ

ОБСЕ

Share on FacebookShare on Twitter

Лавров го злоупотреби и го пречекори времето кое му беше дадено за да се обрати на Самитот, спроведувајќи ја својата агенда полна со дезинформации и руска пропаганда, без да води сметка за причината поради која му беше овозможено да присуствува во земја членка на НАТО.

Рускиот министер, очигледно исфрустриран поради тоа што неговото обраќање беше бојкотирано од дел од делегациите, кои станаа и ја напуштија конференциската сала веднаш откако претседавачот на ОБСЕ, Бујар Османи, го најави обраќањето на шефот на руската дипломатија, како и од критиките кои беа  упатени кон него од останатите делегации на Самитот, се оглуши на барањата на останатите делегати да го скрати говорот и да остави простор за останатите партиципиенти да го изнесат своето излагање. Шефот на руската дипломатија, неподготвен за критиките за кои беше свесен дека следуваат, ја напушти пленарната седница  веднаш по сопственото излагање.

Претставникот на Данска, кој посочи дека излагањето на рускиот претставник било со цел да предизвика заблуда и во своето излагање ја осуди руската агресија врз Украина и однесувањето на Русија во ОБСЕ, забележа дека вака изгледа дијалогот со Лавров.

Лавров остана маргинализиран на Самитот, откако предходиот ден неформалната вечера и фамилијарното фотографирање поминаа без негово присуство, а  неколку високи претставници делегации, меќу кои и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, британскиот министер за надорешни работи Џејмс Камерон, високиот претставник на ЕУ за надворешна политка и безбедност, Јосеп Борел ја напуштија земјата уште пред тој да слета во Скопје, при што јасно дадоа до знаење дека шпекулациите за можна средба со рускиот министер дефинитивно паднаа во вода.

Дека нема намера да се сретне со Лавров објави и премиерот Димитар Ковачевски, додека предходно, поради доаѓањето на Лавров, учеството на состанокот на ОБСЕ во Скопје го откажаа украинскиот министерот за надворешни работи, Дмитро Кулеба, како и шефовите на дипломатиите на балтичките земји – Естонија, Летонија и Литванија, и министерот за надворешни работи на Полска, Шимон Шинковски вел Сек.

Наместо тоа, Лавров денес успеа да оствари средби со старите верни сојузници на Кремљ – Ерменија и Унгарија.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Tags: маргинализиранпленарна седницаСамит на ОБСЕСергеј Лавров
Next Post

Фон дер Лајен: Следната година ЕУ ќе може да произведе милион проектили

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk