Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ
Јанушев манипулира, Ковачки лаже и признава дека лаже, Милошоски одамна дезинформира, Николоски коипикет на сопартијците во дезинформации, Мицкоски докажано дезинформира и како таков е запишан во тефтерот на ЕУ… Цело ВМРО-ДПМНЕ дезинформира.
Министерството за внатрешни работи најостро ги демантираше лагите кои на прес конференцијаги изнесе Игор Јанушев од партијата ВМРО-ДПМНЕ, каде меѓу другите невистини, се потенцира во изјавата на МВР, беше изнесена лага дека во СВР Скопје пред пет дена наводно било заведено дека убиството врз малолетната В.Ѓ. го извршил Љ.П., и дека, наводно, не било ништо преземено.
Тоа е апсолутна невистина, категорично демнатираат од МВР и нагласија „таква работа не постои“.
„Згрозени сме од самиот факт што оваа партија дури и за ваква трагедија шири дезинформации. Министерството за внатрешни работи и ОЈО на прес конференција детално презентираа се што е преземено во врска со овој случај. Апелираме да престане ширењето на лаги и дезинформации, кои само нанесуваат штета на истрагата“, нагласуваат од МВР.
Ова е само последната од низата манипулации што ги регистрираме од првенците на ВМРО-ДПМНЕ
Но што да прават сите тие кога нивниот лидер Христијан Мицкоски е заведен како извор на дезинформации.
Во студија на ЕУ, профилот на социјалните мрежи на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е наведен, заедно со оние на Миленко Неделковски и Никола Груевски, како извор на дезинформации.
Студијата е изработена од страна на Генералниот директорат за надворешна политика на Европската Унија по нарачка на Европскиот парламент и објавена на неговата интернет-страница под наслов „Мапирање на лажните вести и дезинформации на Западниот Балкан и идентификување начини за борба со нив“.
Во неа поименично се наведуваат медиумите финансирани од унгарски бизнисмени во Северна Македонија како главни извори на дезинформации, но исто така се посочува и на профилите на социјалните медиуми на повеќе личности, меѓу нив, и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На селектирањето на фактите на Мицкоски мораше да реагира и американската амбасада за средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан, откако во партиското соопштение немаше ни збор од тоа што им го рекол О’Брајан на Мицковски,Муцунски и Мисајловски.
„О’Брајан потенцираше дека САД силно го поддржува патот на Северна Македонија кон членството во ЕУ, како и важната улога што сите политички партии во земјата треба да ја имаат за поддршка на овој процес, се вели во објавата на амбасадата на САД на „Фејсбук“.
Паметиме дека амбасадорите на Чешка и Словачка, со јасни изјави ги соголеа срамните лаги на Мицкоски и Александар Николоски дека ВМРО-ДПМНЕ издејствувала од овие две држави, како членки на ЕУ да се спротивстават на блокадата на Бугарија.
Мицкоски лажеше дека во Софија ни се распарчувала државата, а Антонио Милошоски лажеше дека покрај Бугарија и други земји членки биле против евроинтеграциите на Северна Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемија со Ковид-19, со која се соочуваше целиот свет, ширеа лаги и невистини, со кои предизвикуваа страв и паника кај граѓаните.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки не престанува со ширењето на лажни вести обидувајќи се да освои ситни политички поени. Последниот негов обид е слика од концерт на Лепа Брена и Драгана Мирковиќ од Софија да ја претстави како салата Борис Трајковски во Скопје.
Поставените столчиња и маси за концертот тој се обиде да ги претстави како уредувањето на салата Борис Трајковски, каде идната недела ќе се одржи самитот на ОБСЕ на кој ќе присуствуваат повеќе од илјада учесници од 70 странски делегации.
Обидот за дискредитација на министерскиот самит на ОБСЕ за време на претседавањето на Северна Македонија со организацијата од страна на Ковачки само покажува дека ВМРО-ДПМНЕ повторно застанува против државата и стратешките интереси.
Ова не е прв пат Ковачки да споделува лажни вести во обид да креира револт и освои ситни политички поени. Претходно тој објави дека во Косово биле уапсени припадници на военото разузнавање, вест која што сите служби ја демантираа.
Очигледно е дека целта на ДПМНЕ не е вистината туку манипулациите. На седница на Анкетната Комисија за случајот „Онкологија“ пратеникот Антонијо Милошоски прочита одлука на Влада, за која што тврдеше дека станува збор за наводна намера да уништи доказен материјал на Клиниката за онкологија, притоа наведувајќи свои лични квалификации.
Пратениците на СДСМ експресно реагираа и објавија документ за расходување на потрошен и дотраен материјал, односно за два кревети во вредност од 0 денари, шест столици со вредност 0 денари, медицински апарат 0, медицински апарат 0 денари и уште еден медицински апарат 0 денари.
Овој демант потврди дека соопштил лага дека работи за уништување доказен материјал.
Инаку Милошоски има „респективно“ минато кога станува збор за пласирање невистини и дезинформации.
Почесниот Конзулат на Белорусија во Република Северна Македонија официјално ја демантираше лажната вест на Милошоски дека наводно бизнисмен од Битола бил рекетиран и барал помош во Амбасадата на Република Белорусија во Белград, Република Србија.
За таквата бесрамна лага на Милошоски, во официјалното известување од Почесниот конзулат на Република Белорусија во Република Северна Македонија, јасно е наведено „Дека се што беше искажано се едноставно лажни вести”.
Претходно тој лажеше и дека дури седум земји членки на Европската унија биле против тоа нашата држава да ги започне преговорите со Унијата, што веднаш беше демантирано од високи претставници на ЕУ.
Од сето ова произлегува дека ВМРО-ДПМНЕ се симбол на лажни вести, невистини, измислени и конструирани случаи кои се против интересите на државата и граѓаните.
Да потсетиме на уште една од од низата лаги на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој од Собраниска говорница манипулираше дека лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари добил на поклон луксузна куќа во Тафталиџе, Скопје, за да влезе во Владата.
Лидерот на АА, Арбен Таравари во изјава за „Фокус“, демантираше и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се враќа во духот на „груевизмот“, на препознатливата реторика „сите се лоши и нечесни“, освен тие самите, коишто уживаат во луксуз на различни нивоа.
Меѓу тие што го демантираа Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ се и Обединетите нации, за лагите што ги ширеше во врска со владините мерки поврзани со пандемијата предизвикана од корона вирус COVID-19.
„Ги молиме сите политички партии во Северна Македонија да не го вклучуваат името на Обединетите нации во политичките дискусии”, апелираа од ОН во реакцијата како одговор на неточните тврдења на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.
Сѐ на сѐ, цело ВМРО-ДПМНЕ има „лична карта“ и во ОН, ама една друга што произлегува од регистарот на дезинформатори.