„Такви политички партии, кои со не знам какви провиненции ги правеа, како таа што е формирана, мора да се дерегистрираат“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција на која соопшти дека е уапсен главниот осомничен за грабнувањата и убиствата на Вања и Панче.
Министерот додаде дека тие преку правење на политики, политиканство, коалиции, договори, влијанија од надвор сакале да направат дестабилизација.
„Мирот, стабилноста, сигурноста не може никој да ги загрозува. Вакво криминално гнездо како што е направено мора да се разбие до крај“ рече Спасовски.
Тој додаде дека сите знаат какви ставови застапувале осомничените и нивната партија, што правеле и што зборувале во нивните емисии и како директно се спротивставувале на напредокот на државата, на НАТО и на европскиот пат.