Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени – КОП28 (COP28) го посветува денешниот ден како Денот на младите, децата и вештините, соопшти УНИЦЕФ.
Децата се исклучително ранливи на загадување и климатски промени, бидејќи се несразмерно погодени од ефектите од катастрофи, деградација на животната средина и климатската криза. Сепак, триесет години по потпишувањето на Рамковната конвенција, потребите, правата и перспективите на децата речиси целосно отсуствуваат од климатската политика, акција и инвестиции на сите нивоа. Ова треба да се промени, нагласуваат од организацијата.