ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средба Џафери – Кодели: Северна Македонија и Албанија споделуваат заеднички цели и интереси на надворешно-политички план

December 12, 2023 16:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска остварил средба со делегација на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Албанија, предводена од Мими Кодели, претседателката на Комисијата, соопшти прес-службата на Собранието.

Џафери изразил големо задоволство од средбата истакнувајќи дека двете земји градат одлични билатерални односи, со интензивен политички дијалог и соработка во значителен број области од заемен интерес.

Тој изразил и убедување дека соработката ќе продолжи и во иднина, со уште поголема динамика и потенцирал дека Северна Македонија и Албанија споделуваат заеднички цели и интереси на надворешно-политички план, како што е членството во Европската унија, соработката во рамките на НАТО, како и продлабочувањето на регионалната соработка.

Џафери, како што стои во соопштението, ги информирал колегите пратеници од албанското Собрание за донесувањето на новиот Деловник за работа на Собранието на РСМ, со консензус и по повеќегодишен заеднички труд и за неодамнешното одржување на дијалогот Жан Моне на Собранието со Европскиот парламент во куќата на Жан Моне во Базош, Франција.

Претседателката на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Албанија, Кодели, истакнала дека двете земји споделуваат заеднички вредности и историја, како и заеднички аспирации за членство во Европската унија.

Кодели посочила дека двете земји заедно и активно учествуваат во Берлинскиот процес, во ПСЈИЕ и други регионални организации, посочувајќи дека е потребна натамошна демократизација на сите земји од Западниот Балкан, со цел целиот регион да стане дел од Европската унија.

Укажала дека имаат длабока почит за напорите и тешките одлуки кои ги донела Република Северна Македонија, имајќи ја предвид иднината на земјата и благосостојбата на граѓаните.

Двајцата соговорници изразиле очекување и надеж дека Северна Македонија и Албанија заеднички ќе го продолжат својот пат кон европската интеграција истакнувајќи дека тоа би било добро и за останатите земји од регионот, бидејќи заедничка е посветеноста за сеопфатен развој на Западен Балкан.

Tags: КоделиСобраниеЏафери
Next Post

Собранието донесе закони за задолжување со заем кај меѓународни институции

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk