ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими со претставници на ИФЦ: Потенцијал за учество на ИФЦ во зелената транзиција и поддршка на приватниот сектор

December 13, 2023 15:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Можностите за проширување на дејствувањето на Меѓународната финансиска корпорација при Светската банка – ИФЦ во земјава преку учество во финансирањето на проекти од секторот енергетика, пред се обновливи извори на енергија и поддршка на планот за зелена транзиција, како и поддршка на приватниот сектор, беа тема на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со регионалната директорка на ИФЦ за Европа Рана Карадшех-Хадад и регионалниот менаџер за Западен Балкан Николас Маркиер, соопшти Министерството за финансии.

-Постојат повеќе можности за зголемување на активноста на оваа меѓународна корпорација во спроведување на нашиот план за декарбонизација и зелена транзиција на земјава. ИФЦ покажува интерес за финансирање проекти од енергетската област и обновливи извори за енергија, како производство на соларна енергија, проекти поврзани со декарбонизација, истакнал министерот Бесими.

Тој додал дека се очекува со ИФЦ да се развие инвестициски план за реализација на проекти во овој сектор со поддршка до 85 милиони американски долари преку Програмата за климатски инвестициски фондови – ЦИФ.

На средбата било наведено, исто така, дека постои голем потенцијал за влегување  со поддршка на ИФЦ и во приватниот сектор и дека за тоа постои голем интерес од македонските компании, но и поддршка за да се привлечат повеќе странски инвестиции.

Tags: Бесимипретставници на ИФЦсредба
Next Post

Декларација од Самитот ЕУ-ЗБ: Потврдена недвосмислената посветеност за членство на Западниот Балкан во Унијата

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk