ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Обвинети за тероризам четворица косовски Срби поради напад врз изборна комисија во Северна Митровица

December 13, 2023 18:33
in ДЕНЕС, ПРАВДА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалното обвинителство на Косово подигна денеска обвинение против четири лица, осомничени дека во декември минатата година, во текот на локалните избори во Косово, фрлиле рачни гранати и шок-бомби врз канцеларијата на општинската изборна комисија во Северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обвинетите, косовски Срби, идентификувани во соопштението на Обвинителството со иницијалите М.М., А.В., Д.П. и М.В., се товарат за кривичното дело тероризам, со оглед дека „сериозно го загрозиле животот на официјалните лица на ЦИК (Централната изборна комисија на Косово) и на припадниците на косовската полиција“.

– … Со цел сериозно заплашување на населението, незаконско принудување на јавен орган, во случајов ЦИК, да ги оневозможи локалните избори, како и со цел да се дестабилизираат или уништат основните политички и уставни структури на Република Косово… обвинетите, заедно со засега неидентификувани лица, извршиле терористички напад со фрлање две гранати и две шок-бомби во правец на гореспоменатата висока канцеларија, при што експлодирале една граната и две шок-бомби и е причинета значителна материјална штета и сериозно се загрозени животите на функционери на ЦИК и полицајци, се вели во соопштението.

Косовските медиуми објавија дека меѓу обвинетите се Милун Миленковиќ и Дејан Пантиќ, поранешни припадници на косовската полиција, кои и претходно беа апсени.

Пантиќ беше уапсен на почетокот на оваа година, како главен осомничен за нападот на канцелариите на ЦИК минатиот декември, додека неговото апсење предизвика тензии во северно Косово, населено со мнозинско српско население. Граѓаните таму поставија барикади на главните патишта кои водат до граничните премини со Србија, Јариње и Брњак.

Барикадите беа отстранети по неколку недели, но само откако судот му го замени на Пантиќ притворот со домашен притвор.

Милун Миленковиќ – Луне, кого косовските медиуми го опишуваат како „еден од водачите на нелегалната организација, поддржувана од Белград, ‘Цивилна заштита’ и организатор на нападите врз припадниците на КФОР и косовската полиција“ на протестите против градоначалниците Албанци во општините со мнозинско српско население, беше упасен во јуни годинава. Тој беше обвинет за тероризам, промена на уставниот поредок преку насилство и загрозување на лице под меѓународна заштита.

Апсењето на Миленковиќ предизвика дополнително влошување на односите меѓу Приштина и Белград, нови протести на косовските Срби и, генерално, зголемување на напнатоста во северно Косово.

Tags: косовски србитероризам
Next Post
Фото: НАТО | nato.int

НАТО за 12 отсто го зголемува воениот буџет за 2024 година

Shortcut

Најново

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk