ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Се очекува да продолжи комисиската расправа за утврдување листа на кандидати за член на ДИК

December 13, 2023 15:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања се очекува  да ја продолжи расправата за утврдување листа на кандидати за член на ДИК, што почна претпладнево.

Седницата беше прекината откако претходно претседателката на Комисијата Марија Георгиевска рече дека кандидатот на опозицискиот Европски сојуз за промени – Абдуш Демири не ги исполнува потребните критериуми, затоа што е генерален секретар на партија, на што бурно реагираше пратеникот Фадил Зендели велејќи дека тоа не е точно.

Зендели посочи дека со документите при пријавата на јавниот оглас била доставена и нотарска изјава која потврдува дека лицето не е носител на функција генерален секретар на партија, по што координаторот на ВМРО-ДПМНЕ побара еден час пауза со цел до претседателката да се достави нотарска изјава со која ќе се докаже дека кандидатот имал дадено отказ од функцијата.

Фадил Зендели во изјава за медиумите по објавената пауза оцени дека целта на власта е манипулација со изборниот процес.

-Демири дава нотарски заверена изјава дека не е член на која било политичка партија,  на орган на политичка партија. Ова го има претседателката на Комисијата, ова е согласно условите кои треба кандидатот да ги исполнува. Како може после ова да излегуваат во јавноста и да кажуваат дека е член на политичка партија, ова е скандалозно, изјави Зендели.

Додаде дека нотарската изјава на Демири дека не е член на политичка партија била доставена со сите останати документи и дека во случај ако документацијата му била нецелосна ќе бил информиран од Архивата.

-Законска обврска е кандидатите да бидат известени доколку има нецелосни документи и дали има некој документ што не достасува, но не се работи за тоа. Оваа нотарска изјава ја имале од моментот на апликацијата, зошто во спротивно Демири би правел нотарска изјава, ја направил затоа што е законска обврска, појасни Зендели.

За член на Државната изборна комисија пријавени се и кандидатите Беат Даути, Роберт Трајковски и Зулфи Адили.

Tags: ДИКСобраниечлен
Next Post

Битиќи: Откако ќе биде формирана заедничката компанија, ќе се потпише договорот за концесија за Чебрен

НАЈНОВО

Почнува дистрибуцијата на гласачките ливчиња, в недела ќе се гласа во 32 општини и Скопје, прегласување во една, а нови постапки во четири општини

October 30, 2025

Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

October 30, 2025

Избрани 50 најдобри средношколски идеи – започна трката за милион денари

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн и ВИ

    Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk