ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фон дер Лајен: ЕУ ја потврдува посветеноста на иднина во која сите шест земји од Западниот Балкан ќе бидат нејзини членки

December 15, 2023 18:24
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Цел на Европската комисија е Северна Македонија и Албанија да ги почната преговорите по Првиот кластер – Основи што е можно поскоро, дури ако може и следната недела и силно ја потврдуваме нашата посветеност на иднина во која сите шест партнери од Западниот Балкан ќе бидат членки на нашата Унија, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Усрула фон дер Лајен по завршувањето на дводневниот Самит на ЕУ.

– Новата година почнува со многу добри вести за Европската Унија и за нејзините соседи и пријатели со вчерашната одлука за чекор напред во процесот на проширување. Тоа ќе претставува обележје на нашата заедничка историја. Решивме да започнеме преговори со Украина и Молдавија, одлучивме на Грузија да и доделиме кандидатски статус, како и да ги отвориме преговорите со Босна и Херцеговина, тогаш кога ќе бидат постигнати неопходните барања, истакна Фон дер Лајен, на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и шпанскиот премиер Педро Сначез.

Според Фон дер Лајен, со вчерашната одлука за проширувањето Унијата покажала го исполнува ветеното и дека никогаш не била по силна и поедините

– Во свет што го потресуваат повеќекратни кризи, проширувањето е инвестиција во стабилноста,  , инвестиција во сигурноста, но и инвестиција во просперитетот на целиот континент и голема инвестиција во демократијата, додаде Фон дер Лајен.

Според Мишел, воената аграсија на Русија врз Украина предизвика длабока трансформација на Европската унија, за што доказ е и денеска завршениот Самит, кој има историска димензија со донесените одлуки за проширувањето.

– Ваквите одлуки се многу јасна политичка порака дека проширувањето е инвестиција во мирот, сигурноста и просперитетот, упатена до сите европски граѓани и до граѓаните на земјите кандидати за членство, но и остатокот од светот, додаде Мишел.

Санчез, од своја страна, истакна дека на 1 јули кога беше во посета на Киев ми порачал на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека за шест месеци сите членки и институции на ЕУ ќе го поддржат членството на Украина во Унијата и конечно на крајот на претседавањето на Шпанија со Унијата, вчера е донесена таква одлука.

Тој додаде дека посветеноста на проширувањето не се однесува само на Украина, туку и на Молдавија, на земјите од Западниот Балкан, како и Грузија, доколку ги исполнат неопходните услови.

– Има многу земји што сакаат да се приклучат на европското семејство веќе подолго време и тоа ќе биде можно со поддршка и помош од ЕУ и европските институции, истакна Санчез, додавајќи дека и Романија и Бугарија се многу важни за Унијата и дека се надева оти наскоро ќе да се приклучат на Шенген зоната.

Tags: ЕУУрсула фон дер Лајен
Next Post

Шукова: Продолжен е рокот на грчката компанија „Архиродон“ за изградба на хидроцентралата Чебрен

НАЈНОВО

Фото: МВР Србија

Масовен студентски марш кон Нови Сад, една година без одговорност за падот на настрешницата

October 31, 2025

Утре гласаат болните, в недела втор круг локални избори во 32 општини и Градот Скопје

October 31, 2025

Национализам, етнички тензии и популизам: Етничката карта ја обои трката пред вториот круг

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk