ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска-Нефју: САД ја продолжуваат поддршката на Северна Македонија за спречување на корупцијата, вклучително и со мерки за одговорност за оние кои ѝ наштетуваат на иднината на земјата

December 15, 2023 09:49
in ДЕНЕС, КОРУПЦИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Вицепремиерката Славица Грковска, во рамките на Конференцијата на земјите потписнички на Конвенцијата на Обединетите Нации против корупцијата, имаше состанок со координаторот на Стејт Департментот на САД  за глобално спречување на корупцијата, Ричард Нефју.

Вицепремиерката Грковска му се заблагодари на координаторот Нефју за поддршката што САД и ја дава на Република Северна Македонија, особено во однос на имплементација на политиките за добро владеење, реформите во правосудството, како и јакнење на капацитетите на правосудните органи.

Таа го информираше Нефју дека на нејзина иницијатива е започната постапка за промена на Законот за рестриктивни мерки, во кој ќе се вклучат и правните акти на САД, по што македонските институции ќе имаат можност да преземат ефикасни мерки по објавувањето на конкретни имиња на листата на санкции на САД, за што веќе наредната недела ќе заседава работната група што таа ја предводи. Вицепремиерката Грковски извести дека во тек е и подготовка на друго законско решение, кое исто така ќе биде врзано со листата на санкции на САД, а кое ќе обезбеди друг вид на конкретни санкции.

Координаторот Нефју ги поздрави напорите на вицепремиерката Грковска за креирање на ефикасни механизми во справувањето со корупцијата. Тој упати јасна порака дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги поддржуваат напорите на Република Северна Македонија за превенција на корупцијата, вклучително и со мерки кои овозможуваат одговорност за оние кои им штетат на граѓаните и иднината на земјата.

Двајцата соговорници разговараа и за потребата од зајакнување на капацитетите на судскиот систем во делот на справувањето со корупцијата и организираниот криминал, при што заклучија дека тоа треба да биде еден од стратешките приоритети на нашата држава за наредниот период.

Вицепремиерката Грковска информираше дека во завршна фаза е и подготовката на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, за кој веќе се одржа јавна расправа и добиено е мислење од Европската Комисија, по што следи имплементирање на забелешките.

Tags: Грковска-НефјукорупцијаподдршкаСАДСеверна Македонијаспречување
Next Post

Најмалку 102 лица повредени во судир на вагони во метрото во Пекинг

EVN

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

January 27, 2026

Бовино и дел од агентите на Граничната патрола се повлекуваат од Минеаполис

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk