Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Паролата беше: “Србија не смее да застане”.
И не застана.
Вчера го послуша својот цар и продолжи да се движи.
Некои велат се подалеку од себе и својата модерност, а други, обратно, кон себе, кон својата старозаветна соборност која го згуснува општеството, институционалниот ред и културата.
И ги голта.
Ќе биде тоа убав султанат или наследна република.
Дали е снс црната дупка во која пропадна Србија?
Јас не мислам дека дупката е црна.
Мене ми удира на розе.
Но дека дупката е дупка- тоа да!
Можеби на Србија и е добро без светлоста на разликите и богатството на животот, но не е препорачливо да и се доближувате и да проверувате дали и колку и е добро.
Опозицијата пропадна затоа што сакаше да не го дава Косово повеќе од Вучиќ, да не и воведува санкции на Русија колку и Вучиќ, да го негира геноцидот во Сребреница повеќе од снс, односно понесена од расположението на народот кое го диктираа медиумите на Вучиќ, ја батали европската агенда и ги натера луѓето да си речат: а за кој курац би ја менувале власта ако опозицијата нуди исти работи.
Нека им е со среќа.
Кој ќе преживее до 2027 година, ќе раскажува.