ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

САД со поддршка за про-европските сили. Аналитичари: Граѓаните знаат кои политички субјекти јасно се определени за евроатланската опција

December 21, 2023 15:13
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија мора да продолжи со реформите и евроинтегративниот курс, додека нејзините граѓани треба да ги осудуваат деструктивните сили кои имаат за цел да ја насочат земјата во правец на проруска ориентација. Ова е заклучокот на познавачите на политичките збиднувања во земјава, анализирајќи ги за „Фронтлајн“ повиците на Стејт Департментот на САД, како и на пријателите на Македонија од меѓународната заедница, дека земјата треба да продолжи со реформите и својот пат кон ЕУ.

– Кога едноставните работи се усложнуваат со манипулации и лаги резултатот е тој што го гледаме со години во Македонија. Почнатите преговори со ЕУ по успешниот скрининг треба да продолжат по одлуката на Собранието за уставни промени. Ако не се донесе таква одлука станува неизвесно кога тоа ќе се случи бидејќи релевантни политички партии за тоа немаат навестување, ниту некоја поцврста определба. Ова е таа едноставна ситуација со едноставно решение. Сведоци сме како со години се одбегнува да бидат донесени одлуките за европеизација на Македонија. Притоа се вади милитантен арсенал со кој се алармира јавноста за предавства и распродажба на националните интереси, на македонскиот идентитет, на јазикот, на историјата, се тврди дека никогаш нема да влеземе во ЕУ, што сè заедно предизвикува голема конфузија кај граѓаните. Тоа е сеење на отров што кај голем број граѓани предизвикува слепило да не се видат јасно работите, вели за „Фронтлајн“, Ерол Ризаов – новинар и политички аналитичар.

Или, додава тој, еве го едноставното објаснување што значат преговорите. „Ништо друго освен спроведување во практиката на сè она за што меѓусебно се обвинуваат со децении големите партии“.

– Тука се воспоставување на: правосуден систем како што прилега на демократска држава; независно судство; владеење на правото; сведување на криминалот и корупцијата на едно ниво кое не дозволува јадење на супстанцата на државата; успешни економски реформи; праведен даночен систем; подобро образование и здравство; повисок стандард на населението; слободни медиуми; повисока еколошка свест; ефикасна администрација; современо земјоделство; изградба на комплетна инфраструктура и уште многу реформи предвидени во над 30 поглавја кои треба да се реализираат за 5, 10, 15 години, зависи од нас. Тоа за Македонија објективно е можно за шест до седум години ако има меѓупартиски консензус да се мери успешноста на секоја влада според тоа колку од овие реформи остварила, нагласи тој.

Според него, пред избори треба да се излезе на чистина кој за што е.

– Има сериозни сили во Македонија и во партиите и во деловниот свет и во науката кои се против членството на Македонија во ЕУ, или попрецизно кажано – против европеизација на Македонија. Тие јавноста треба да ги препознае и на изборите да ги казни. Само така може да се отвори патот кон европските вредности. Победата на тие кои се на погрешната страна на историјата води кон распад на државата, подвлече Ризаов.

Исмет Рамадани од Евро-Атлантскиот Совет на Македонија за „Фронтлајн“ вели дека уставните измени остануваат како задача на политичките субјекти после изборите.

– После изборите се подразбира дека тоа ќе го направат тие кои ќе понудат пред гласачите јасна и аргументирана опција дека ќе ги изгласат уставните измени и ќе го деблокираат патот кон членство во ЕУ. Се разбира дека мора да се продолжи ефикасно со реформите, во судството, здравството, образованието и борбата против корупцијата и криминалот. Веќе е јасно кој од политичките чинители каде се наоѓаат со нивните стратешки опции, а тоа треба да го докажат со конкретна програма и визија. Граѓаните за наредните избори уште сега знаат кои се субјектите кои јасно се определени за евроатланската опција и ќе ја донесат конечната одлука на денот на изборите кога ќе се избистри разликата меѓу тие кои нудат јасна перспектива и тие кои сеат магла за да бидат изманипулирани, потенцира Рамадани.

Од друга страна САД ја охрабруваат Владата на Северна Македонија да ги преземе сите можни мерки за да се постигне најдобрата можна иднина на земјата, изјавија од Стејт департментот за МИА.

– Ова вклучува реформи во судскиот, здравствениот и образовниот сектор, со што ќе се поплочи патот за целосна интеграција во ЕУ. Се надеваме дека на претстојните избори гласачите ќе бараат транспарентност и одговорност од избраните лица и ќе побараат посилна, подобра и попросперитетна земја која ја заслужуваат, изјави портпарол на Стејт департментот.

Државниот секретар Ентони Блинкен и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан при неодамнешната посета на земјата укажаа на тоа кој е патот за напредок на Северна Македонија.

Дестан Јонузи

Поврзано:

САД ја охрабруваат Северна Македонија да ги преземе потребните чекори за најдобра можна иднина на државата

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Ерол РизаовЕУинтеграцииИсмет РамаданиСАД

НАЈНОВО

Забрането капење и рекреација во велешкото езеро „Младост“

July 3, 2025

Нови гласови од Сребреница: На младите им е пружена платформа за сеќавање и помирување

July 3, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

НАСА откри меѓуѕвезденa комета што се движи низ Сончевиот систем

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски воени злосторства: „Врзан за мотоцикл и влечен“ – Русија веројатно егзекутирала уште еден украински воен заробеник, вели омбудсманот Лубинец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk