ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Во Неготино доделени 45 социјални станови, Ковачевски рече дека за првпат во Неготино е направена ваква станбена зграда

December 22, 2023 18:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 45 социјални станови беа доделени денеска во Неготино, во новоизградената социјална зграда. Становите се еднособни и двособни со површина од 35 до 45 квадратни метри.

Во обраќањето премиерот Димитар Ковачевски рече дека за првпат во Неготино е направена ваква станбена зграда.

-Обезбедувањето пристап до социјални станови е камен темелник на нашата посветеност. Владата која ја предводам во изминатите години со доделување на социјални станови на ранливи категории на граѓани создаде услови секој без разлика на околностите да има сигурност и достоинствено место за живеење, да има свој дом, истакна Ковачевски.

Изминативе години изградени се или се во фаза на изградба 860 социјални станови во Струмица, Гостивар, Македонски Брод, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Гевгелија, Демир Капија. Социјални станови, како што најави Ковачевски, ќе добијат и нашите сограѓани во Велес, Бутел, Дебар и Кочани.

-Делењето на социјални станови ја одразува нашата посветеност на поттикнување на инклузивни заедници и обезбедување на стабилност за ранливите категории на граѓани, нагласи премиерот.

Наша цел како Влада, рече Ковачевски, е секогаш да бидеме поддршка и поткрепа на немоќните лица, самохраните родители, граѓаните кои се со привремени вработувања, социјално ранливите граѓани.

-Пред неколку недели го донесовме деветтиот пакет на антикризни мерки вреден 662 милиони евра и содржи 26 мерки за поддршка на ранливите категории на граѓани, на пензионерите, на студентите, за компаниите, како и поддршка за услови на зголемени трошоци на живот и продолжени ефекти на енергетската криза, рече Ковачевски.

Со овие мерки се опфатени 120 илјади млади лица, над 74 илјади социјално ранливи категории на граѓани, над 180 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, речиси 540 илјади корисници на апликацијата мој ДДВ, 600 илјади домаќинства со субвенционирана електрична енергија и над 70 илјади компании исто така со субвенционирана цена на струја.

Ковачевски додаде дека пакетот содржи и системски мерки со кои во 2023 и 2024 година се опфатени над 338 илјади пензионери и 106 илјади вработени во јавниот сектор.

– Во пакетот вреден 2,7 милијарди евра се предвидени 16.741 граѓанин корисници на надоместок заради попреченост, самохраните родители корисници на загарантирана минимална помош и родители на деца со попреченост до 26 година. Оваа група граѓани во наредните пет месеци ќе добиваат по 2.000 денари месечно. И оваа година исто како и лани предвидени се мерки за поддршка и заштита на стандардот на пензионерите со најниски пензии, како и за учениците и студентите од семејства од социјално ранливите категории на граѓани, додаде премиерот.

Тој рече дека мерките наменети за домаќинствата, граѓаните и земјоделците се во вредност од 156 милиони евра.

Задоволство од настанот, изрази и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Тој рече дека целиот овој период се вложени огромни напори да им се помогне на општините, на граѓаните, посебно на оние ранливи семејства кои својата надеж за подобар живот ја гледаат во проектите како овој,  изградба на социјални станови.

Tags: НеготиноСоцијални станови
Next Post

Само 11 отсто Французи пијат вино секој ден

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk