ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски од трибината Повеќе за сите во Кочани: Нови 20 милиони евра поддршка за земјоделците до крајот на годината

December 23, 2023 23:38
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како министерство и Влада уште еднаш во дело, преку конкретни мерки, докажавме дека сме вистински партнер на земјоделците, обезбедувајќи поддршка повеќе за секој земјоделец. Нови 20 милиони евра дополнителна поддршка се обезбедува за земјоделците до крајот на годината. Ова е одлука која Владата на вчерашната тематска седница за земјоделство ја донесе, усвојувајќи повеќе мерки во интерес на земјоделците, рече членот на ЦО на СДСМ Љупчо Николовски на трибината Повеќе за сите во Кочани.

-До крајот на годината следува реализација на 30% авансна исплата на субвенциите, новост предвидена со новиот модел за субвенционирање. На 40.000 земјоделци ќе бидат исплатени 750 милиони денари, односно 400 милиони денари ќе се исплатат за производителите на полјоделски култури, кај градинарството 70 милиони денари, 130 милиони денари за овоштарите и 150 милиони денари исплата кон лозарите, истакна Николовски во обраќањето.

Тој додаде и дека до крајот на годината следува реализација на исплатата кон млекопроизводителите за премиите по основ на произведено и предадено млеко за фазите од октомври до декември 2022 година, како и за фазите од јануари до април 2023 година, за што во буџетот се обезбедени 257 милиони денари.

Како што беше ветено пред лозарите обезбедена е и мерка за поддршка поради претрпени штети по родот.

„Преку измени во програмата за директни плаќања субвенциите кон лозарите се зголемуваат од 40.000 денари по хектар на 52.000 денари по хектар, а дополнително се креира и нова мерка за поддршка на лозарите за произведено винско грозје предадено во регистрирани капацитети за произвдоство на вино во износ од 1 денар по килограм. За реализација на оваа мерка Владата од буџетот обезбеди дополнителни 62 милиони денари“ исткна Николовски.

Пред присутните граѓани и земјоделци во своето обраќање членот на ЦО и министер за земјоделство, Љупчо Николовски истакна и дека по барање на земјоделците, до 30 декември 2023 година се продолжува рокот за аплицирањето за дополнителните директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади. Упатувајќи апел земјоделците да аплицираат и да ја искористат дополнителната поддршка која им се става на располагање.

Посветено вложуваме во секое едно населено место, градејќи подобри услови за живот на граѓаните. Преку мерките 321, 322 и 323 од програмата за рурален развој на министерството за земјоделство во општина Кочани реализирани се локални капитални инвестиции во вредност од 33,8 милиони денари.

Изграден е локалниот пат од село Градче до градот Кочани и улица во село Оризари која се поврзува со градот Кочани во вредност од 15,4 милиони денари. Завршена е изградбата на локални улици во селата Долни Полог, Мојанци, Тркање, Прибачево, Оризари инвестиции во вредност од 6,4 милиони денари. Изграден е локален пат од месноста Крушка до месноста Ајдар, инвестиција во вредност од 10,9 милиони денари. Дополнително преку програмата за рурален развој земјоделците во Кочани се поддржани со мерките за набавка на педигриран добиток, поддршка за млади земјоделци до 20.000 евра, набавка на комбајни за ориз, трактори, а бележиме и реализација на повеќе успешни ИПАРД приказни.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЗемјоделецИПАРДСДСМтрибина
Next Post
Бранко Тричковски

Бродски во Македонија

НАЈНОВО

Фото: Општина Кочани

Денови на кочанскиот ориз 2025 – во симболично издание

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: СДСМ води црна кампања, со монтажи и спинови, да не дозволиме повторно да бидат власт

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk