ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

За новогодишните и божикните празници ќе работат дежурните служби во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар

December 29, 2023 13:59
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

За време на новогодишните празници, ЈЗУ  „Здравствен дом на Скопје“ ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа, велат за МИА од оваа установа.

– На 31 декември, недела, во текот на денот и вечерта за Новогодишната ноќ, како и на 1 јануари, дежурни и достапни ќе бидат дежурните ординации  за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар. За претстојните божиќни празници – 7 и 8 јануари, за граѓаните кои имаат потреба од медицинска помош, ќе работат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар, посочуваат од установата.

Со секојдневно работно време за новогодишните и божиќните празници ќе функционира и единицата за домашно лекување.

– Поради претстојните прослави на новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош препорачува редовно земање на терапија кај хроничните болни, да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на божиќниот пост, умерено користење на алкохолни пијалаци за да се избегнат несаканите последици – алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди. Посебно се апелира до младата и малолетна популација да не се користат алкохолни пијалаци, заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот. Потоа, воздржување од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици, наведуваат од Здравствениот дом.

Оттаму изразуваат надеж за беспрекорно почитување и придржување кон дадените препораки, со цел новогодишните празници да се дочекаат во весело и пријатно расположение за сите.

Tags: медицинска помошновогодишни празнициСкопје
Next Post

Обраќање на Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ по повод рускиот ракетен терор

EVN

НАЈНОВО

СИРИЗА бара Грција да се повлече од Евровизија поради учеството на Израел

December 11, 2025
Скриншот

Судење „Пулс“: Одбраната со серија критики до Обвинителството, тврдејќи дека немале надлежност за објектот

December 11, 2025
фото: скриншот Х

Осомничениот за убиството на Чарли Кирк, Тајлер Робинсон, денеска првпат пред суд, му се заканува смртна казна

December 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шарлиз Терон „го запали“ Интернетот со младешкиот изглед – Што велат експертите, а што вели таа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Црни вдовици“ – скандали со фиктивни бракови во Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 декември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Македонија ќе прими мигранти од Велика Британија? Дилемите растат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британија плаќа, Скопје прифаќа – Мигрантите доаѓаат, а државата губи контрола!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk