Вечерва, на 30 декември 2023 година, руските трупи го погодиле центарот на Харкив, предизвикувајќи штета на цивилната инфраструктура.
Изјава дал началникот на регионалната воена управа на Харкив, Олех Синиехубов на Телеграм, јавува дописникот на Укринформ.
„Окупаторите извршија над шест удари. Погоден е центарот на Харкив. Цивилната инфраструктура е оштетена“, напиша Синиехубов.
Тој додаде дека службите за итна помош работат на местото на настанот.
Околу 19 часот, вечерва, на 30 декември 2023 година, се слушнале серија експлозии во градот Харкив.
М. П.
Извор: ЦИВИЛ Медиа