ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Богоев: Заплените на Царинската управа зголемени за 30 проценти, а кривичните пријави за 60 проценти

January 4, 2024 15:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ХРОНИКА

Бројот на случаи на заплени од страна на Царинската управа во годинава што измина е зголемен за речиси 30 проценти, а за 60 проценти е зголемен и бројот на поднесени кривични пријави. Резултатите во делот на сузбивање на шверцот, нелегалната трговија и корупцијата се веќе видливи, истакна директорот на Царинска управа Стефан Богоев на брифингот со новинарите одржан денеска со министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, на кој беа презентирани резултатите од 2023 година.

Царинската управа спроведува и неколку проекти за сузбивање на шверцот, нелегалната трговија и корупцијата. Со грант од Кореја во висина од 4,8 милиони долари се спроведува проект за имплементација на систем за анализа на ризик и податочен склад, а се очекува да започне имплементацијата на новиот систем за Секторот за контрола и истраги, кој вклучува хардвер и софтвер и дополнителна опрема за контроли во висина од 2 милиони евра обезбедени преку фондовите на ЕУ. Започнува поставувањето на системот на паметни камери за надзор и препознавање на регистарски таблички на граничните премини – проект вреден еден милион евра обезбедени од Светска банка, а царинските службеници на најфреквентните премини ќе бидат опремени со телесни камери, преку програми поддржани од амбасадата на САД. За сузбивање на шверцот, корупцијата и организираниот криминал значително ќе придонесе и новоформираниот Сектор за посебни истражни мерки во Царинската управа.

Tags: БогоевЦаринска управа
Next Post

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги разочараа сите - и САД и пријателските европски земји

НАЈНОВО

Фото: МИА

Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата на Полска со Украина

August 20, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk