ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

За кого и за чии интереси српскиот радикалец и рашист Срѓан Ного ја мати истрагата за случајот „Палчо“?

January 5, 2024 15:11
in PMD, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот политичар Срѓан Ного, поранешен пратеник и член на десничарската и националистичка партија Двери во Србија, веќе два дена објавува фотографии на неговиот профил на Х (Икс) од настаните поврзани со киднапирањата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска и нивните убиства и најавува дека денеска ќе објави нови видоеснимки. За грабнувањето и убиството на Жежоски и Ѓорчевска првоосомничен е Љупчо Палевски-Палчо кој е во притвор во Турција.

На првата фотографија се гледа возилото „ситроен бх“ со велешки регистерски таблички на бензинска пумпа со две лица кои се на возачкото и на совозачкото седиште. На снимката нема датум, а според неговите претпоставки, со возилото управува Панче, што значи дека таа е направена во период пред тој да биде убиен.

Срѓан Ного ги објави фотографиите неколку часа пред Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје да донесе решенија за продолжување на мерка притвор против петте лица, осомничени за грабнувањата и убиствата на малата Вања Ѓорчевска од Скопје и пензионерот Панче Жежовски од Велес.

Инаку, Ного е ултрадесничар, има радикални антимигрантски и антиалбански ставови, поборник против 5Г мрежата, поранешен член на националистичката партија Двери (од која беше исклучен во 2019), а следната година беше уапсен и обвинет за бунт.

Поранешниот член на српското десничарско движење Двери, Срѓан Ного, на 16 јануари 2022 година, откако гласаше на референдумот за измени на Уставот во делот што се однесува на правосудството, на кој граѓаните со заокружување со „да” или „не” ќе одговорат на прашањето: „Дали сте за потврдување на Актот за измени и дополнување на Уставот на Република Србија?”, ја искрши гласачката кутија, при што беше приведен.

Тој исто така е и голем поддржувач и љубител на рускиот претседател Владимир Путин.

Од Основното јавно обвинителство Скопје за „360 степени“ велат дека Јавното обвинителство ги има обезбедено сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движењето на осомничените. Од тие причини, не постои никаква опасност за компромитација на истрагата со објава на снимки од видео надзор на објекти.

„Сепак, лицата кои ги објавуваат овие видео снимки треба да размислат за етичноста на ваквите објави и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите“, велат од ОЈО откако контроверзниот српски политичар Срѓан Ного на социјалните мрежи најави дека ќе објави снимки од грабнувањата на Вања и на Панче, како и други снимки од грабнувачите, кои биле забележани од камери за видеонадзор.

Останува отворено прашањето како ултрадесничарот и рашист Срѓан Ного стигнал до овие снимки, односно дали постои „крт“ во македонските институции од каде што „истекуваат“ доверливи информации до српските политички екстремисти и/или служби.

ЦМТ / Цивил Медиа

Next Post

Тунтев: Вонреден инспекциски надзор во М-НАВ, по завршување ќе бидат преземени сите неопходни корективни мерки

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис – 21 април 2026

April 21, 2026

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk