ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

ФАШИСТИЧКО ДЕФИЛЕ ВО ИТАЛИЈА: Инцидент, морбиден потсетник или реалност

January 9, 2024 12:48
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Мусолини, на смотра во Етиопија (фото извор: Wikimedia Commons)

Мусолини, на смотра во Етиопија (фото извор: Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Не е важно дали премиерката и претседателка на Браќата на Италија (Fratelli d’Italia), Џорџа Мелони, навистина го мисли или не го мисли тоа што го кажа за фашистичкиот собир во Рим на 7 јануари. Едноставно, идеолошката матрица на партијата што ја води Мелони, влече корени од фашизмот на Бенито Мусолини. Почнувајќи од италијанските социјалисти, завршувајќи со академските истражувања, хроники и анализи – Браќата на Италија ги опишуваат, најблаго речено, како ултрадесничарска партија со неофашистички корени и политики.

https://www.tiktok.com/@vicenews/video/7321716940253187361?is_from_webapp=1&sender_device=pc&web_id=7244462437579064838

Резервите и стравувањата непосредно по доаѓањето на власт на Мелони во септември 2022 година, дека се враќа фашизмот во една голема и важна членка на ЕУ, во голема мерка се покажаа како неосновани. Мелони води партија која, освен по неофашизмот, беше позната како евроскептична, ксенофобична и националистичка, и промовираше скептицизам кон поддршката за Украина.

Првата реакција на потписникот на овие редови беше во текстот објавен на 26 септември, каде што, меѓу другото, пишува:

Постизборното утро во Италија донесе една добра вест:  стана извесно дека една од најмоќните држави во Европа за првпат ќе добие жена на премиерската функција. Добрите вести завршуваат тука. Џорџа Мелони е на чело на партијата со „машко“ име – „Браќа на Италија“ што е најрадикална десничарска партија во италијанскиот политички мејнстрим – нескриено негувајќи ги фашистичките традиции.

Истиот ден кога премиерката Мелони седна во премиерската фотелја, со своите изјави и постапки, почна да ги смирува загрижените. Веднаш даде повеќе проевропски изјави, се сретна со украинскиот лидер Зеленски и го убеди дека големата светска седморка Г7 ќе продолжи со силна поддршка на украинската борба за слобода.

Но фашистите од редовите на Фрателите и во другите (не така малубројни) неофашистички групи и политички партии на Апенинскиот Полуостров – не мислат како премиерката. Друго е прашањето колку и таа самата е искрена, имајќи предвид дека член на нејзиниот владин состав е и еден Галеацо Бињами, потсекретар во министерството за инфраструктура, сликан со свастика во 2005 година.

Galeazzo Bignami, 2005

Собирот на кој неколку стотици мажи, наредени во неколку (италијански неуредни) строеви, поздравуваат со фашистичкиот поздрав, со громогласни фашистички извици, исто како 100 години порано – претставува морбидна опомена за целиот свет. (Прочитајте: „100 години од инаугурацијата на фашизмот како владеачка идеологија“ – од Љубомир Костовски за ЦИВИЛ МЕДИА.)

Мелони можеби и не е евроскептик, а можеби и навистина верува во сопствената изјава дека „фашизмот ѝ е предаден на историјата“ и дека Браќата на Италија не се фашисти. Како што авторот напиша во првата реченица – тоа не е важно. Важно е – дали во тоа верува членството на партијата што ја води. Судејќи по видео снимките што го обиколија светот, одговорот е НЕ.

Од оваа точка, за Мелони има неколку линии на расплет. Во сите линии, како и да се развие сторијата на италијанската премиерка и нејзината (владејачка) партија, ќе доминира една историска поука. Со десничарски популизам (нека не е и фашизам), не можете да градите демократско и прогресивно општество, бидејќи тој – или ќе ве апсорбира или ќе ве прегази.

Половина светско население ќе мине низ изборен процес годинава. Добро е да се има оваа сторија во пресрет на глобалното изборно цунами.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Санела Шкријељ: Се соочуваме со силен налет на антиродови и антидемократски движења кои се закана за нашите веќе стекнати правa

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk