Зоја Коновалова, шефица на еден од државните ТВ канали на рускиот претседател Владимир Путин, е пронајдена мртва по сомнителен инцидент со труење, соопштија официјални лица.
Коновалова (48), главен и одговорен уредник на Државната телевизија и радиодифузна компанија Кубан, беше пронајдена покрај телото на нејзиниот поранешен сопруг (52) во дом во Краснодарската област на 5 јануари, пренесува Њузвик кој го контактираше руското Министерство за надворешни работи за коментар преку емаил.
Тоа е последната во серијата мистериозни смртни случаи во кои се вклучени истакнати руски личности откако силите на Путин ја нападнаа Украина во февруари 2022 година.
„Почина шефицата на интернет-групата на Државната телевизиска и радиодифузна компанија Кубан Зоја Коновалова. Нашата колешка имаше 48 години“, се вели во соопштението на ТВ каналот.
На телата на Коновалова и нејзиниот поранешен сопруг не се пронајдени видливи повреди, објави руската државна новинска агенција РИА Новости.
„Причина за смртта се наведува дека е труење“, соопшти ТВ каналот, додавајќи дека ја пронашле 15-годишната ќерка и синот.
Коновалова е родена во Мурманск во северозападна Русија, а работела во главниот град Москва, пред да се пресели во Краснодарската територија во 2003 година. објавија медиумите.
Истрага е покрената од Одделот за Краснодар на Истражниот комитет.
Веста доаѓа откако друг руски новинар, Александар Рибин, беше пронајден мртов во руската област Ростов, која граничи со Украина, објавија локалните медиуми во неделата. Телото на Рибин е пронајдено во близина на автопат недалеку од градот Шахти, изјавија неговиот пријател и мајка. Причината за неговата смрт е нејасна.
И минатиот месец, Ана Царева (35), заменик-главен уредник на Комсомолскаја Правда, беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Москва, се вели во изданието. Според весникот, таа имала инфекција на белите дробови и треска неколку дена пред да биде пронајдена мртва.
„Ања никогаш не се пожали на своето здравје. Неодамна, со извинувачки глас, таа објасни дека има кашлица и температура која одеднаш скокнала на 39, но дека сè ќе се подобри наскоро“, се вели во соопштението на Комсомолскаја Правда на 13 декември.
„Пред три дена Ања повторно падна со треска. Последната фраза што нејзината пријателка и колешка на работа во КП ја слушна од неа беше: „Ги земав лековите, одам да спијам“.
Следниот ден, 10 декември, Ана престана да одговара на пораките. Загрижените колеги и родители веднаш почувствуваа дека работите се лоши. Ања беше пронајдена во кревет…“.
Извор: Цивил Медиа