ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Бенефитите од евтината дневна тарифа се придобивки од веќе спроведени политики во енергетската транзиција

January 9, 2024 11:58
in PMD, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Дарио Николовски, директор на Агенција за енергетика/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Дарио Николовски, директор на Агенција за енергетика/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

„Мерките и политиките се носат на принцип кој најмногу ги почитува, односно кој најмногу штеди тој најмногу и добива. Целта е да се продолжи во таа насока. Впрочем, ги споменав бенефитите од евтината дневна тарифа. Тие се бенефити од веќе спроведени политики во енергетската транзиција. Граѓаните сега ќе имаат можност во делот на евтината тарифа, оние коишто најмногу штедат и да ги сетираат своите електрични апарати“, изјави Дарио Николовски директор на Агенција за енергетика во утринската програма на Слободен Печат.

Тој додаде дека има коментари во однос на тоа кој ќе биде најзадоволен од овие мерки, поточно пензионерите, но тие според Николовски ја имаат создадено оваа држава и дадено придонес во неа.

„Во периодот во којшто се наоѓаме, а тоа е зимскиот период, свесни сме дека сите трошоци се зголемени, свесни сме дека ако сакаме да го заштитиме стандардот, тогаш мораме да ги субвенционираме сите критични категории. Ние тоа го направивме, но од друга страна заради се она коешто го спроведовме во делот на енергетиката преку инвестициите, а тоа е веќе видливо со очи каде човекот и да се движи низ државата, сметам дека ќе се создаде можност преку стабилизирање на цената на електричната енергија да се усогласиме со препораките на Европската комисија за коишто во делот во којшто измина добивме и пофалби дека успешно сме изменаџирале“, потенцираше Николовски.

Тој додаде дека „зад нас била сериозна енергетска криза во којашто успешно е докажано дека граѓаните треба да бидат сигурни и да им веруваат на институциите“.

„Ќе сумирам, се она што е спроведено во делот на енергетиката дава резултати, така и ќе продолжиме“, посочи директорот на Агенцијата за енергетика.

Тој смета дека енергетиката не познава политика, во самите одлуки нема политика и истите се со цел државата во енергетска смисла се придвижи кон западноевропските држави.

„Имаме за 150% раст на инсталиран капацитет споредбено 2023 со 2022 година, со обновливи извори на енергија. Обновливите извори на енергија не треба само да ги гледаме како стабилизирање на цената на струјата, туку треба да ги гледаме како чист извор на енергија затоа што сме свесни за загаденоста на воздухот. Овие обновливи извори на енергија влијаат на заштита на животната средина“, заклучи Николовски.

 

Tags: Агенција за енергетикаДарио Николовскиенергетска транзиција
Next Post
Фотомонтажа: РИБАРО

Мицкоски и златната рипка

НАЈНОВО

Европска премиера на претставата „Приказната на Електра“ за затворање на „Охридско лето“

August 20, 2025

Книжевна вечер со Капка Касабова во „Буква“

August 20, 2025

(ВИДЕО) „Јасен“ се уште гори, борбата со големиот шумски пожар продолжува

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk