ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

МП: Настанатата ситуација со полагањето на квалификациониот испит е пролонгирана заради објективни причини

January 11, 2024 17:38
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Министерството за правда

Министерството за правда

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за правда никогаш не се мешало ниту пак ќе се меша во иднина во спроведување на квалификациониот испитот во Академијата за судии и јавни обвинители, туку се јавува во улога на предлагач на законот кој е во согласност со меѓународните стандарди, наведуваат во соопштение од Министерството за правда.

Оттаму посочуваат дека настанатата ситуација со полагањето на квалификациониот испит е пролонгирана заради објективни причини, за што Министерството за правда нема никаква поврзаност со оглед на тоа што Академијата за судии и јавни обвинители е посебен, самостоен орган.

-Поради опасноста од пропаѓање на испитниот процес на целата генерација, а и големиот недостаток во државата на судии и јавни обвинители, Министерството за правда преку Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители беше информирано за потребата од иницирање на законски измени, како би продолжил испитниот процес во согласност со законот, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Оттаму како слично решение кое веќе се спроведува во пракса го посочуваат решението содржано во Законот за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РСМ бр. 67/22“).

– Министерството за правда никогаш не се мешало ниту пак ќе се меша во иднина во  спроведување на испитот туку се јавува во улога на  предлагач на законот кој е во согласност со меѓународните стандарди. Ако било кој од политичките фактори во државата има предлог како да се надмине ситуацијата, ние тоа ќе го прифатиме, но да не заборавме дека веќе се спроведени три елиминаторни фази од испитот, кои се спроведоа успешно, се наведува во соопштението.

Од Министерството за правда велат дека искуствата и праксата од 17 годишното постоење на АСЈО, покажуваат дека сите досегашни испитни процеси согласно предложените измени кои биле и законско решение во претходните Закони, поминале без проблеми.

Министерството за правда вчера објави дека иницира измени на Законот за Академија за судии и јавни обвинители со цел да се надминат проблемите со полагањето на квалификацискиот тест.

-Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за Академија за судии и јавни обвинители содржи четири члена. Со членот 1 се врши надополнување на членот 40 со два нови става со кои се овозможува надминување на непредвидениот застој во постапката за полагање на приемниот испит во Академијата поради настан кој не можел да се предвиди, велат од МП..

Оттаму појаснуваат дека во случај кога единствениот електронски систем за полагање на испитите не е во функција како резултат на настани кои неможеле да се предвидат, а поради крајна итност за спроведување на приемниот испит, се предлага можност квалификацискиот тест да се полага во хартиена форма, а резлтатите да се добијат со електронски читач, без вклученост на човечки фактор, водејки сметка за анонимноста, интегритетот на испитниот процес и различноста на тестовите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: квалификационен испитМинистерство за правда

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk