ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Слаб кошаркар не може да биде добар премиер

January 11, 2024 12:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ 

Како што сум информиран од медиумите, од 22-ри до 28 јануари ќе се одвиваат формалните подготовки за техничка Влада во Собранието. Прво, нели, ќе се констатира оставка на претседателот Ковачевски и констатира оставка на претседателот на Собранието Џафери, а потоа, „формално-правно“ ќе оди сè на масата кај претседателот Пендаровски за, овој, нели, да го додели новиот технички мандат за претседател на Влада, избор на владини министри и така натаму и на тоа слично.

Сега, логично, се поставува прашањето: што нам овде ни е важно? (нам како граѓани, имено) Па, важни ни се неколку работи. Да одиме со ред.

Важно е што овие избори ќе бидат редовни а не вонредни. Вонредни избори секогаш и секаде се штетни, освен ако една влада е во пад, а знаеме дека оваа влада не падна, а за една власт да падне потребно е да го изгуби мнозинството во Собранието. Така што, во чисто прагматична смисла – Ковачевски и СДСМ тука победија.

Од друга страна, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со денови, месеци и години пелтечат за предвремени избори, што, се разбира, претставуваше манипулативна лага: не дека тие сакале избори затоа што се така „добри и фини“, туку сакале да му излезат во пресрет на „народот“.

Расипаноста во опозициониот табор е бесконечна, лагата е отворена и бесмислена на толку многу начини; и нема причина уште еднаш да не помине неказнето, ако веќе има кој тоа да го каже, а како што гледаме од приложеното – има кој тоа да го каже.

Ајде сега отворено да речеме: опозицијата е ништо друго освен еден политички фикус и орнамент во политичката реалност во земјава, помалку или повеќе една живописна ергела од безопасни дворски луди кои секогаш ќе бидат спремни да статираат во својата лична и безидејна бесмисленост.

На што точно мислам?

Изборите, демократските институции и демократските стандарди е страшно сериозна работа, а секој што прифаќа сеирџиски да се „спрдачи“ со тоа, станува ништо друго освен Мицков соучесник. Затоа, ми се чини, најдобро е на ова место јасно да дефинираме, да го извадиме на отворено, да им се пружи прилика – поради општиот интерес – на време да престане со своето цинично девалвирање и празно ломотење за претставничката демократија. А таа не е ништо друго освен поредок со цврсти и втемелени правила и процедури, а не деноноќен политички циркус од пеење, пцуење и слаткоречиво лажење.

Христијан Мицкоски безброј пати до сега го искажа својот ментален склоп на еден уличен навивач, како и она инфантилно беседење на пар вистински и пар измислени противници: „Ајде да се исшибаме ако смеете со нас“? (слободно тумачење за скандалот во Авијација; демек ако тој бил власт, и ако Македонија биде Париз, Берлин или Лондон, таквите хулигани ќе биле ликвидирани (?); неверојатни алузии и конфузии се мешаат во неговата глава!) А целта му е, погодувате, да не испадне „кукавица која не е за мегдан“; така што прифаќа секаде и секогаш хулиганска логика, естетска и воопшто – форматирање и прифаќање на живот према хулиганскиот модел.

Јас немам сомнеж дека ако опозицијата резолутно и недвосмислено ги одбиеше вонредните парламентарни избори и ги прифатеше наративите на владата на Ковачевски, веднаш ќе беше прогласена за легло од кукавици без никаква поддршка во „народот“, кои заради тоа не смеат да излезат на избори. Ама тоа е цената која мора да се плати, а не Мицкоски да се занесува со своите мачистички јуначења. Вака, повторно изгубија една досадна и мачна фарса без никаква политичка понуда зошто, по ѓаволите со нас заради нив, што реално би правеле кога ете, тој очигледно неталентиран кошаркар би станал премиер?

Велам „кошаркар“ затоа што го погледав пред некоја ден оној урнебесен клип кој е правен за партиски потреби. Мицкоски, видливо весел и радосен, оди на некое кошаркарско игралиште, ја соблекува јакната, а неговиот „телевизиски консиерж“ му ја потфрла топката, му вели нешто од прилика, „на лидеру, поиграј се“, а овој со задоволство ја прифаќа таквата шарада. Се мести да шутира, без шмек, без стил, помалку страмежливо – и погодува од прва „бескоски“, што би се рекло во кошаркарски жаргон. Се разбира, Мицкоски е сам на терен, без противник, само колку да го засили впечатокот дека го бива за сè.

А некој може да рече, па што, и тој е човек од крв и месо, па понекогаш помислува на себе, а не само на „народот“. Си земал Мицко слободно време за себе, со уште шест камермани и пет „тонци“, комплетна режија на некој спортски терен и шутира ли шутира, сам, без одбрана, без противник, без „1 на 1“ – оти кој смее да му се спротивстави на нашиот (слаб?) кошаркар кој е роден за сè?


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МицкоскиНЕНАД ЈОВАНОВИЌ
Next Post

Четири лица потешко повредени во сообраќајка на Пониква

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk