ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Сто дена војна меѓу Израел и Хамас

January 14, 2024 15:38
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Сто дена по избувнувањето, последната војна меѓу Израел и палестинската група Хамас, е убедливо најдолгиот, најкрвавиот и најразорниот конфликт меѓу најголемите непријатели.

Борбите почнаа на 7 октомври кога Хамас изврши смртоносен напад врз јужен Израел. Оттогаш, Израел немилосрдно го бомбардира појасот Газа и исто така почна копнена офанзива која срамни со земја цели населби. Офанзивата ги расели повеќето Палестинци во Газа, затвори повеќе од половина од болниците во Газа и доведе до широко распространет глад, изјавија набљудувачите на ОН.

Израелската војска соопшти дека веќе ги намалила операциите на тешко погодениот север. Но, на југот на земјата, каде што Израел вели дека лидерите на Хамас се кријат, продолжува со полна сила. Во меѓувреме, либанската група Хезболах и Израел речиси секој ден од почетокот на војната влегуваат во прекугранични судири.

Во нападот на Хамас во октомври загинаа околу 1.140 лица во Израел, од кои повеќето цивили, наведуваат израелските власти. Според нивните податоци, околу 250 лица беа земени како заложници од палестинските радикали. Околу стотина од нив беа ослободени со примирјето кон крајот на ноември, а роднините на оние кои се уште се во заробеништво продолжуваат да вршат притисок за нивно ослободување.

Како одговор на нападот, Израел се закани дека ќе го уништи Хамас, кој владее со Газа од 2007 година и е класифициран како терористичка група од Израел, САД и Европската унија. Според последните податоци на локалното Министерство за здравство, најмалку 23.843 луѓе, главно жени, тинејџери и деца, загинале како резултат на постојаното бомбардирање и гранатирање на тесниот појас, забележуваат француските медиуми.

Извор: МИА

Tags: израелХамас
Next Post

Шолц и Бербок се приклучија на протестот против екстремната десница во Потсдам

Најново

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk