ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Тензично во МКЦ: Алексов не сака да стане од фотелјата за да седне Шаќири?

January 23, 2024 14:48
in PMD, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

По синоќешниот прв работен ден на новиот директор на МКЦ музичарот Бени Шаќири во директорската канцеларија настанал проблем, бидејќи сега веќе поранешниот директор детективот Никола Алексов не сака да го напушти столчето. Алексов уште при приемот на Шаќири негодувал со образложение дека тој не е разрешен од функцијата и нема зошто да си оди, пишува НоваТВ.

Градоначалничката Данела Арсовска, Алексов го назначи за за в. д. директор на 18 јануари 2023, за потоа да му го продолжи мандатот во мај и уште еднаш во ноември. Решението пак за Шаќири е потпишано на 10 јануари без притоа да биде известена институцијата и останатите кандидати што се пријавија за директорското место во МКЦ.

Освен  Шаќири, пријавени беа и и филмскиот работник Никола Мадиќ, кој е сопруг на заменичката-министер за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи.

Алексов пак кој е дипломиран детектив, беше поставен на функцијата во јануари минатата година откако Арсовска го разреши Ванчо Богоев. Рекации следуваа од Програмскиот совет на МКЦ кои рекоа дека Богоев, кој 36 години е дел од институцијата, е сменет бидејќи не сакал да го вработи пејачот Бени Шаќири, кој на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Скопје на ДОМ и ЛДП. Од МКЦ рекоа дека тогашниот генерален секретар на Градот Зоран Глигоров вршел екстремни притисоци да се потпише вработување на Шаќири.

Овие реакции на вработените од МКЦ добија поддршка од стотици граѓани кои протестираа пред МКЦ на 22 јануари минатата година и остро се спротиставија на обидот за партизирање на оваа културна институција.

Сепак, Арсовска која и го има конечниот одлучувачки збор не ги зеде во предвид ракциите и волјата на граѓаните и вчера го „протна“ решението за Шаќири во МКЦ.

А. Василевска / НоваТВ

Tags: Бени ШаќириМКЦ
Next Post

Просечната плата во ноември 2023-та изнесува 38.359 денари, за 16% повеќе од претходната година

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk