ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Или Европа или ќе пропаднеме, трето нема

January 24, 2024 11:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Денешните општествени околности во земјата се запаливи, драматични и „тивки како затишје пред бура“. Не треба да сте генијален и претпоставите дека на површина излегуваат две политички парадигми кои се соголени во својата содржина: или Европа или Русија; или интеграција или пропаѓање. Нема трето, четврто или петто. Во основа, за нашата земја, надворешната политика воопшто не се менува. И добро е што е така!

Во исто време, забрефтаната „патриотска“ опозиција напаѓа од сите страни со целиот свој арсенал – која во огромна мера потсетува на времето кога беше таа власт и кој на своето челно место го имаше оној кара-душманин (името познато на редакцијата). А на друга страна се наоѓа СДСМ, со своите коалициони и албански партнери, сериозно и вредносно проевропски, што во дополнителен превод би значело дека зборовите на СДСМ низ годините добиваат сериозна тежина и засилена одговорност.

Сега, пак, се поставува друго прашање, поточно се поставува дилема: што воопшто значи оваа дихотомија? Околу што конкретно С. Македонија треба да се определи – кои се овде алтернативите и постојат ли тие воопшто? Што претставува Европската унија и што таа симболизира, тоа на секој еден му е јасно, барем на базично ниво. Е, што претставува „Русија“ и што таа симболизира, што нуди, што бара, тоа не е јасно ниту е возможно да ни стане јасно.

Европската Унија ни нуди полноправно членство и заеднички пазар од преку 500 милиони луѓе; како што ЕУ им нуди полноправно членство на сите земји од таканаречениот Западен Балкан.

За да се биде „член“ на Русија, освен ако не планирате да ја лишите својата земја од секаква државност, и трансформирате во руска губернија, како што многу опскуранти во јавниот простор отворено се залагаат (голем дел од ВМРО-ДПМНЕ и Левица), а дури и кога би сакале тоа, вие не можете оваа земја да ја претворите во „руска губернија“ поради многу очигледни причини, да почнеме прво од географските. Вие може да бидете политички сојузник на Русија, ама тогаш мора да знаете што точно таквото сојузништво значи и каде тоа води. И второ прашање кое треба да си го поставите: зошто во нашето „тесно“ и „широко“ опкружување нема никој што претендира на таква улога. Напротив, речиси сите станавме дел од НАТО и за скоро ќе станеме сите дел од Европската унија.

Единствено за Русија се залагаат „собните занесењаци“ и будалите опскуранти, а може ли да замислите колкави реперкусии ќе добиеме и колку ќе пострадаме ако го фатиме таквиот пат? Од оваа земја камен на камен нема да остане. Думајте ми го зборот.

Од друга страна, Русија, освен што територијално е најголема земја на планетата (или што би рекол Сијоран, „тоа не е земја, тоа е космогонија“), и освен што воено е моќна, Русија нема ниту еден сојузник од Европскиот континент, вклучително и оние земји кои се наоѓаат на рабовите на Европа. Русија, практично, нема релевантни сојузници – а камо ли репрезентативни партнери – ниту во Европа ниту надвор од неа.

Дури и на самите „русофили“, Русија не им изгледа привлечно место за живот, освен ако не сте некој занесен и фанатичен лудак, да се смрзнувате на зимските степи и живеете сиромашен и насилнички живот подложен на самоволието на еден човек. Така што Русија не пие вода, комшија, или што ни рече Брехт во „Опера за три гроша“ – прво стомак, а потоа етика.

Може ли вие да бидете „русофил“, а да не бидете заговорник на сето наброено од погоре? Може да се обидете, ама до сега на никому тоа не му успеало.

Ако Европската унија и Русија беа речиси идентични политички модели, ако беа приближно исти во кои нијанси ќе одлучуваа, можеби би можеле да се определиме за Русија. Ама Русија олицетворена во лудилата на Путин, суштински е ништо друго освен шуплива приказна во која невозможно се живее: лична и неограничена власт, олигархиска семоќ, политичка и медиумска неслобода, суштински авторитарен поредок кој ги менува своите политички кошули, ама не и својата суштина.

Северна Македонија не може и не смее да го бира „Рускиот пат“. Изборот на земјата е или Европска унија или пропаѓање и раскапување; грубо речено, ова се нашите две опции ставени на маса, останатото е пазарџиско под(ј)ебавање.

Проблемот на оваа земја е што има премногу пазарџии и премногу под(ј)ебавачи, а најмногу ги има во опскурната опозиција, а нивниот број верувам дека не се зголемува како повеќе се „пентерат“ низ хиерархиската вертикала.

Нам, денес, овде и тука, ни треба позитивна енергија и сила на претстојните парламентарни избори. Оваа енергија не смее да се растекува на материјални работи, таа мора во себе да содржи идеализам и емоција. Европа не е бирократија и процедура, Европа е нашиот идентитет, а за ова да го направиме, нам, велам повторно, потребна ни е позитивна енергија.

Нам ни е потребна Европска душа и ние, иако не сме сè уште интегрирани, ја имаме.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Tags: ЕУНЕНАД ЈОВАНОВИЌРусија
Next Post

Албански медиуми: СПАК го испитувал шест часа Неза од аферата Мекгонигал; ЕП бара да се вклучат сите гласови на опозицијата за изборната реформа; ЕУ бара појаснување за прекинот на српскиот динар во Косово

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk